Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голем антивладин протест во Тирана, фрлани молотови коктели врз владата и градскто собрание

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2024 08:37

Албанската опозиција синоќа одржа масовен антивладин протест на кој главното барање беше заминување на „нарко-државата предводена од Еди Рама“, формирање техничка влада, по примерот на Северна Македонија, спроведување слободни и фер избори, како и ослободување на демократскиот лидер Сали Бериша.

Учесниците на протестот најпрво се собраа пред седиштето на Демократската партија, по што главниот дел од истиот го одржаа пред Владата во Тирана, каде се обратија повеќе говорници, меѓу кои и лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател на земјата, Илир Мета а преку видео бим и лидерот на демократите, Сали Бериша, кој речиси седум месеци е во домашен притвор.

Мораме сите заедно да ставиме крај на овој режим, кој ја уништува Албанија, кој ги трансформираше децата во функционално неписмени, како што покажа тестот на ПИСА, кој младите ги истера од земјата, останатите ги остави на работ на егзистенција, за свои интереси создавајќи нарко-држава. Тој е најголемиот непријател на Косово. Вучиќ никогаш не направил таква штета на Косово како што Еди Рама му направи за сметка на Вучиќ. Бидејќи овде запознав браќа од Ѓаковица, ги повикувам Албанците од Косово да ни се придружат за да го урнеме режимот на Рама, рече меѓу другото Мета.

Протестот, преполн со тешки обвинувања и навреди на адреса на премиерот Еди Рама, минуваше без инциденти се до појавата на Бериша преку видео бим, кога беа фрлени молотови коктели на влезната владата на владата, целосно оштетувајќи ја истата.

Учесниците на протестот, кој според организаторот ги iмало над 100 илјади,  потоа се дислоцираа пред зградата на градското собрание на Тирана, фрлаа молотови коктели, ги запалија знамињата на јарболот, а дојде i до судир со полицијата, при што повредени се најмалку две лица, еден од нив полициски службеник.

Протестот беше заокружен пред седиштето на партијата со порака дека „ова не е последен протест, зашто ДП не може никој да ја запре“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.