Денес после пладне голем пожар избувна на островот Вис. На помош се испратени и канадери, јавува порталот Индекс. Пожарот избувнал околу 14 часот. Локалните пожарникари веднаш отишле на терен, а канадерите пристигнале околу еден час подоцна.
Пожарот избувнал во близина на куќите, над заобиколницата кон Крстот и Св. Андрија. На терен се пожарникарите на ДВД- Вис и ДВД- Комижа, на кои им се испратени на помош и четири канадери.
Гаснењето го отежнува силниот маестрал кој го засилува огнот, кој е оддалечен од куќите на само неколку стотини метри.
“Откако во гасењето ни се приклучија противпожарни авиони, ситуацијата е многу подобра. Се уплашивме дека огнот ќе стигне до куќите, но сега канадерите го сторија своето и не постои никаква опасност. Нема простор за паника, огнот ќе биде под контрола поеден час или два”, изјавил шефот на противпожарната единица, Тонко Маринковиќ.