Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за актерот-натуршчик, Северџан Бајрам познат по улогите во „Џипси меџик“, „Црна мачка бел мачор“

0
By Mirjana on September 1, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Друштвото на филмски работници на Македонија е Северџан Бајрам.

Северџан Бајрам (1966, Скопје), е филмски актер-натуршчик со интернационална кариера, познат по филмовите „Џипси меџик“(Gypsy Magic, 1997), „До Бачак“ (To the Hilt, 2014) на Столе Попов, „Црна мачка, бел мачор“ (Black Cat, White Cat, 1998) и „На млечниот пат“ (On the Milky Road, 2016) на Емир Кустурица, „Како убив светец“ (How I killed the saint, 2004) на Теона Стругар Митевска, „Трето полувреме“ (The Third Half, 2012) на Дарко Митревски,  „Случајна сопатничка“ (Accidental Co-Traveller, 2004) на Среќко Јурдана, краткиот игран филм „Железна приказна“(Iron Story, 2017) на Златко Калеников, „Виа Карапатиа“  (2018) на Каспер Бајон и Клара Кочанска (Kasper Bajon, Klara Kochanska)…

Учествувал во долгометражниот документарен филм „Книга на рекорди на Шутка“ (The Shutka Book of Records) на Александар Маниќ, неколку сезони настапуваше во ТВ серијалот со неговиот алтер его Доктор Кољо, како и во 4 сезони од ТВ серијата „Преспав“.

„Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е награда на Друштвото на филмски работници на Македонија. Со наградата се оддава признание за исклучителен придонес за македонската кинематографија, награда е воведена во 2013 година а традиционално се доделува во рамките на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020).

Наградата беше соопштена на денешната прес конференција по повод престојното издание на интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаќи“ што ќе се одржи од 16 до 21 септември во Битола.

А.В.

 

добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Северџан Бајрам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.