Фудбалерите Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој додаде дека поводот за оваа одлука е историскиот гол и големата победа над Италија.
– Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија, истакна Османи.
Македонската репрезентација утре заминува за Порто, каде во вторник треба да играат со Португалија.