Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Големината на успехот не се мери со големината на половиот орган – срам да ви е!

0
By Zoran Ivanov on May 16, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 16, 2026 16:11

Но, ова не е навивачки фолклор. Ова е дно. Ова е еуфорија која извира од најдлабокиот примитивизам. Најлесно е да се удри по жена за да се докаже „сила“ Најлесно е да се понижи икона на македонската музика, за вие да се почувствувате како „мажишта“.

Соња Алексоска Неделковска

Имав шест години кога првпат бев присутна на нашиот најголем стадион. Го гледав фудбалскиот натпревар Вардар – Црвена Ѕвезда. Слика од детството, која длабоко е врежана во мене. Го паметам секој детаљ од тој натпревар, кој можеби и беше пресуден да бидам редовен посетител на спортските натпревари. Таа страст никогаш не се намали.

Како навивачка која го доживеала вкусот на победата и горчината на поразот, денес требаше да пишувам за славење. Требаше да пишувам со радост, за круната на Вардар. За она што со години го посакувам – да се дигне клубот на повисоко ниво.

Наместо тоа, пишувам со тага и со грутка во грлото. Пишувам со згрозување, како жена.

Социјалните мрежи се преплавени со видео од атмосферата на прославата на титулата на Шампионите. Наместо спортска или клупска химна или стара македонска патриотска песна од нивните грла ечи најпримитивниот рефрен: „Одам Скопје – Битола…, да ја е.м, да ја е.м Каролина Гочева!“

Не, на видеото не се навивачи кои опиени од победата шетаат низ темни сокаци и пеат. Тоа се фудбалери, репрезентативци, селектори, спортски работници.

Како жена во навивачкиот и фудбалскиот свет, навикната сум на суровост, на машки хумор, на трибински довикувања. И на тепачки.

Но, ова не е навивачки фолклор. Ова е дно. Ова е еуфорија која извира од најдлабокиот примитивизам. Најлесно е да се удри по жена за да се докаже „сила“ Најлесно е да се понижи икона на македонската музика, за вие да се почувствувате како „мажишта“.

Додека целото општество декларативно се бори против вербалното насилство, против мизогинијата и сексизмот, вие, кремот на македонскиот фудбал ни покажавте дека за вас жената е само објект за лекување фрустрации и локал-патриотски комплекси меѓу Скопје и Битола.

Каде ви е спортската култура? Заборавивте ли дека тоа видео ќе го гледаат илјадници млади момчиња кои сонуваат да бидат како вас? Што ги учите? Дека кога ќе успеат во животот, треба јавно да плукаат и да деградираат жени за да се докажат пред толпата?

Се плашам дека ова однесување не е инцидент. Ова е матрица. Лани во Битола гледавме слични сцени со фудбалски легенди како Митко Стојковски и Ванчо Мицевски. Денес, Скопје враќа со иста мера. Се натпреваруваат кој е поголем фраер во простаклукот. Чиј јазик е повалкан.

Како жена која искрено го сака овој спорт, сакам да ви порачам едно: големината на еден клуб не се мери со големината на половиот орган. Туку со големината на карактерот.

Денес Вардар е шампион на теренот, но вие, како мажи и како спортски работници, паднавте на испитот по човечност. Најниското можно ниво на комуникација стана ваш заштитен знак. Сакале или не, Каролина Гочева ќе остане дама, чие име е синоним за уметност и култура, а вие ќе останете само група еуфорични момци кои не знаат како достоинствено да се носат со сопствениот успех.

Срам да ви е. И вам, и на сите што молчат и ви аплаудираат на ова „херојство“.

Текстот е сопственост на Женски магазин.мк

 

 

колумна соња алексоска неделковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.