Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓомлезе, пинџур, бело сирење, бифтек и баклава на отешевското мени

1
By Нова ТВ on June 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту еден погрешен чекор не ја расипа веселата и убава атмосфера во грчкото село Псарадес (Нивици) на тромеѓето помеѓу Грција, Македонија и Албанија на денешното потпишување на конечниот Договор за решавање на спорот со името, ниту пак за време на заедничкиот ручек во Отешево. И сончевото време му беше сојузник на овој ден што многумина го нарекоа “историски”.

Улиците во Псарадес (Нивици)

Пред почетокот на официјалната церемонија главна ѕвезда, како и на претходните средби помеѓу официјалните претставници на Македонија и Грција во последниве шест месеци, беше грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој беше видно расположен и се појави со неговиот заштитен знак – шапката.

Во меѓувреме грчката делегација, составена од членови на Парламентот, го искористи доцнењето на почетокот н церемонијата и се сликаа еден со друг покрај знамињата на Македонија, Грција и Албанија а не изостанаа ниту селфи сликите.

Како што веќе беше јавено утринава, Договорот за решавање на спорот со името беше потпишан денес на грчката страна на убавата Преспа во селото Псарадeс а потоа двете делегации со чамци дојдоа во Отешево на ручек и на здравица.

Мени за прослава на историскиот договор

НОВА дознава дека ручекот почнал на традиционално македонски начин. Гостите почнале со ѓомлезе, бело сирење и пинџур а била послужена и нашата жолта ракија “Антика” . Главното јадење беше телешки бифтек со сос од вино и печурки. За десерт била послужена баклава и палачинка со крем од ванила и овошје. Сето тоа било залиено со македонско вино од “Тиквеш”.

Македонските домаќини, европските и грчките гости биле исклучително задоволни од квалитетот на се што било ставено на маса.

Вратоврската, Заев и Ципрас

Откако  завршија со говорите и Договорот беше потпишан од министрите за надворешни работи,  премиерот Заев се доближи до грчкиот премиер, го прегрна и му ја подари својата темно црвена вратоврска. Беше очигледно дека двајцата премиери, двајцата родени во 1974 година, успеале, преку овие долги и тешки преговори, да се зближат и да станат пријатели.

Ципрас ја  зеде и ја стави во џебот, но еврокомесарот Јоханес Хан ја стави вратоврската во џебот од сакото на Ципрас како украсно шамивче.

Грчкиот премиер Ципрас никогаш не носи вратоврски, дури ни на вакви свечени церемонии.

Родендени и песни

Медијаторот Метју Нимиц год оби најубавиот подарок за својот денешен 79 роденден, како што рече самиот:

„На моето семејство му кажав дека оваа година не сакам подароци за роденденот, бидејќи ќе добијам голем подарок од Зоран Заев и Алексис Ципрас. Мојата работа е завршена, а сега останува на премиерите на двете земји да почнат со примена на договорот, за да ја продлабочат соработката помеѓу двете земји. Мене ми беше чест што бев медијатор и што можев да посведочам на потпишувањето на овој договор“, кажа Нимиц, кој во 1999 година го наследи Сајрус Венс како специјален претставник на Обединетите нации во решавањето на спорот за името.

Имаше и песни. Прво онаа за среќен роденден а потоа песната на мирот како што изјави Ципрас.

Коѕијас за добредојде му ја испеа на Нимиц познатата „Среќен роденден“. Без честитика и песна остана еврокомесарката Федерика Могерини која пак вчера го прослави 45ти роденден.

– Денес овде во Преспа почнуваме да пишуваме нова среќна песна, рече грчкиот премиер во обраќањето за време на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција.

Алексис Ципрас откри дека е љубител на балканската музика, особено на блех музиката, но и на среќните и весели мелодии од регионот и рече дека „дојде време повторно да пееме среќни песни на Балканот, а денес се прави првиот, смел чекор во оваа насока.

– Една таква нова песна започнуваме да пишуваме овде во Преспа.  Нашата цел е оваа песна на радоста да се пее многу векови и од многу идни генерации, на нашиот јазик и на вашиот јазик, во нашата земја и во вашата земја, од нашиот народ и од вашиот народ. Песна што ќе го слави мирот, рече грчкиот премиер.

И самиот чин на потпишување на договорот помина во добро располежение. Грчките пратеници неколку пати го прекинуваа обраќањето на Ципрас и со громогласен аплауз го одобруваа секој негов збор.

Никој од официјланите претставници на Македонија и Грција како и оние на меѓународната заедница, не штедеа зборофи на пофалба.

Целата церемонија помина под силно полициско обезбедување и голем интерес на медиумите.

атмосфера вратоврска Договор за решавање на спорот со Грција мени Метју Нимиц Нивици Отешево потпишување Преспа Псарадес роденден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.