НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гордост и предрасуди: Зошто се задолживме 450, а не 650 милиони евра?

0
By Нова ТВ on July 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новото задолжување на власта од 450 милиони евра, скапо ја чини Македонија. Но, добро не помина ни власта. Упорното одбивање на ВМРО-ДПМНЕ да ја намали јавната потрошувачка и покрај бројните повици со години наназад, и тоа од стручната јавност,никако да вродат со плод. Власта едноставно не слуша никого. Затоа сега ќе мора да се снаоѓа со многу помалку пари отколку што очекуваше.

Пишува: Владимир Петрески

Навистина нешто не е во ред кога власта е подготвена без проблем да плати камата од 5,5% за најновото задолжување, и тоа според нејзината првична понуда на износ од 500-650 милиони евра во ситуација кога тој износ е едноставно превисок во актуелниве услови на светскиот пазар на капитал, на кој сѐ повеќе има негативни камати, односно морате да им платите на државите зада ги држите нивните хартии до вредност. И тоа, таа е подготвена да се задолжува само 8 месеци откако веќе се задолжи со 270 милиони евра лани. Во таква ситуација, кога повторно се враќате на пазарот на капитал многу брзо, овој пат сакате да се задолжите со двојно повеќе пари, насред политичка криза во сопствената земја и без да ја прашате опозицијата (како што тоа договорно беше направено пред 8 месеци), јасно е дека пазарите на капитал ќе бидат нервозни.

За разлика од лани кога 270-те милиони евра беа земени за камата од 4,875% на 5 години, овојпат беше нормално каматата да биде повисока и заради подолгиот рок на доспевање од 7 години, и заради повисоката сума кон која инвеститорите се однесуваат повнимателно зашто ризикот за нив е поголем.Затоа првично понудената камата од страна на министерството за финансии беше 5,5%.

Но, и покрај оваа висока камата (повисоки камати од нас денеска во Европа плаќаат само 4 земји, кои, исто така, имаат проблеми како и ние со нашава политичка криза), власта, сепак, не успеа да добие понуди во износ од максимално бараните 650 милиони евра. „Ројтерс“ јави дека нивото на понуди пред писмото на СДСМ достигнало сума само од „над 500 милиони евра“, што значи дека меѓународните инвеститори биле многу внимателни кога станува збор за македонскиот долг.

Иако глобалниот пазарот со државни обврзници е длабок и ликвиден и има многу заинтересирани купувачи од цел свет, сепак, кредиторите биле резервирани. Неретко се случува земји како Полска, Словенија, Мексико, па дури и малата Летонија да се задолжуваат со износи од 3-6 милијарди долари, при што за нивните еврообврзници без проблем се наоѓаат купувачи и тоа со пониски каматни стапки. Но, кога станува збор за нашиот случај, се виде дека голем дел од меѓународните инвеститори немаат желба и апетит да ги ризикуваат своите пари, влегувајќи во ризик да треба да се занимаваат и да ги следат нашите внатрешни глупости за да осознаат колку тие им се сигурни.

13819371_10208643724564884_1148874922_n
Извор: Financial Times

По писмото на СДСМ, власта и министерството за финансии едноставно мораа да ја намалат сумата на пари со која сакаа да се задолжат, значи да ја намалат понудата, за да креираат поголема побарувачка и со тоа да се намалат каматите. Ако се останеше на првиот опсег од 500-650 милиони евра задолжување, не треба да зачуди ако каматите достигнеа и над 6 отсто. Затоа беше понуден опсег одминимум 300 до 450 милиони евра и камата од 5,875%.

Причина за ова, после писмото на СДСМ, сигурно била и зашто дел од понудувачите, кои претходно вкупно дале понуди за купување од над 500 милиони евра од нашата еврообврзница, ги повлекле своите понуди зашто ризикот со новонастанатата ситуација, бил над нивниот апетит, надвор од нивните инвестициски стратегии, или едноставно кажано, преголем. Затоа, на крај сѐ се заврши со задолжување од 450 милиони евра со камата од 5,625%.

МОЖЕВМЕ ЛИ ДА ПОМИНЕМЕ ПОДОБРО

А, можеше да биде поинаку. И имаше неколку опции на располагање. Како прво, власта можеше да седне со опозицијата и да се договори. СДСМ изјави дека би прифатил задолжување од 250 милиони евра. Ако власта и опозицијата седнеа да преговараат (како што веќе преговараа за многу други работи) и ако власта изнесеше аргументи за потребата од задолжување со повисок износ, таквите аргументи можеби ќе беа прифатени. Но, во оваа затруена атмосфера, се чини, дури ни преговори за нешто што може да биде од општа корист не доаѓаат предвид. Иако во таква ситуација министерството за финансии можеше пред финансиерите да се појави и со писмо на поддршка од опозицијата, како што впрочем се случи и лани, и тоа можеше да придонесе кон пониски камати.

Или, пак, зошто не се почека евброобврзницата да се издаде по постигнатиот политички договор. Постигнувањето на договорот од Пржино 3, исто така, можеше да се искористи како адут пред инвеститорите да се намали премијата кои тие ја бараат поради кризата, а која сега веројатно изнесува околу2%. Странските кредитори го пресметаа дополнителниот ризик од актуелната политичка криза во своите калкулации кога ни ја качија каматата од 3,975% преклани за 7 годишна обврзница (од 500 милиони евра) на 4,875% лани за обврзница од 270 милиони евра, но за покус период од 5 години. Сега, со оглед на тоа што се задолжуваме на подолг период и за повеќе пари стигнавме до 5,625% и тоа во ситуација кога каматите на државните долгови ширум Европа паѓаат. Да се почекаше да се постигне договорот, чие постигнување беше блиску уште минатата недела, како што известија медиумите,цитирајќи го американскиот амбасадор ЏесБејли, и да се постигнеше меѓупартискидоговор за задолжувањето, сега ќе имавме пониска камата.

НИШТО БЕЗ ПАРИ ЗА ПРЕДИЗБОРНА КОРУПЦИЈА

И онака беше многу чудно што власта се врати веднаш на странските пазари на капитал после писмото на СДСМ до банките и кредиторите. Тоа сигурно не влијаеше поволно врз каматата. Странските кредитори во таква ситуација видоа дека на власта ептен и требаат овие пари и тоа брзо, па немаа причина да прават компромиси околу каматите. Навистина,зошто имаше потреба од толку многу брзање?

Имаше неколку причини за тоа. До 31 август треба да се завршат сите активности предвидени со договорот Пржино 3 и ако тоа се случеше, на почетокот на септември можат да почнат да течат 100-те дена кога повторно ќе има дополнителен заменик министер од СДСМ во министерството за финансии, а 40 дена подоцна да се распишат изборите. Прашање е дали во тие 40 дена, во предизборен период, знаејќи дека парите ќе бидат користени и за предизборна корупција, СДСМ би се согласил на било какво задолжување. А, од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ мора да има пари да подели повисоки пензии на пензионерите пред избори, да им подели пари за живот на медиумите блиски до неа, како и да изврши уште редица други коруптивни предизборни исплати за да си обезбеди победа. И токму заради нивната жед за победа, ние сега се соочуваме со плаќање на висока камата, каква што лани ја плати, на пример, Албанија и тоа на истата сума од 450 милиони евра, кои ги зеде со рок на достасување од 6 години. Ова се случува и покрај тоа што Албанија има понизок кредитен рејтинг од Македонија.

Кога сме веќе кај кредитниот рејтинг, кога белјата стигнува, таа стигнува од сите страни. Вчерабонитетната агенција „ФичРејтингс“ направи ревизија на нашиот бонитет/кредитен рејтинг (способноста да си ги враќаме долговите), а со цел својата работа да ја сообрази со критериумите што ги наметнува Европската унија. Фичсѐ уште не го намали нашиот кредитенрејтинг, но тоа може многу лесно да го стори на 19 август, кога доаѓа редовната ревизија на нашиот кредитен рејтинг. Неговите изгледи повторно се негативни (по трет пат) и многу лесно може да се случи агенцијата да го намали нашиот кредитен рејтинг на овој датум и со тоа каматите за задолжување да ни пораснат. Негативен изглед значи најава за намалување на кредитниот рејтинг ако нешто не се смени, штое уште една причина за актуелното брзање на власта со задолжувањето.

И, ете, оваа власт со своето трошење нѐ доведе во ситуација да не можеме да почекаме ниту неколку месеци пред да мораме да се задолжуваме и тоа без оглед на тоа какви се каматите. Парите кои ѝ се потребни на оваа власт од година во година сега веќе се толку големи што еврообврзницата ни е единствен излез.

ОД БРАНКО Е КРИВ ДО КИРЕ НАУМОВ Е КРИВ!

Во ваква ситуација не треба да се обвинува СДСМ или Кире Наумов затоа што ги исконтактиралеконсултантските банки и светските медиумски агенции. Интересот за македонската обврзница беше и онака мал. Да не можете да добиете понуди за 650 милиони евра во ситуација кога вкупниот светски пазар само на меѓународни државни хартии од вредност издадени само од централните влади на земјите од светот изнесува 1.528 милијарди долариспоред податоците на Банката за меѓународни порамнувања од Цирих (значи барате само 0,05 отсто од тој износ) покажува дека имате сериозен проблем (да не говориме за тоа што вкупниот пазар за обврзници од сите видови – државни, корпоративни, општински, итн, е над 20.000 милијарди долари).

Власта вели дека писмото на СДСМ не чинело 25 милиони евра во дополнителни камати и, како и многу други нејзини тврдења, и ова не може да се провери, зашто целта е тоа да остане непроверено, туку да манипулира. Единствено дознавме дека ако писмото на СДСМ не било пратено, каматата ќе била „под 5 отсто“. Арно ама, на кој износ под 5 отсто? На планираниот максимален од 650 милиони евра или на последниот износ од 450 милиони евра? И колку под 5 отсто? Но, ова никогаш нема да го дознаеме зашто така на власта може да ѝ се расипе манипулацијата. Настрана што е многу сомнителна. Ако навистина постоела можност да се добие камата под 5 отсто, зошто тогаш министерството за финансии самото во почетната понуда стави износ на камата од 5,5% според информациите на „Блумберг“? Дали можеби министерството со неговите банки консултанти направиле грешка во проценката и им дале повисока понуда за камата на кредиторите без потреба?

Како и да е, една работа не може да биде негирана. Дури и да се согласиме дека СДСМ и Кире Наумов нѐ чинат 25 милиони евра повеќе за камати, тие сигурно ни спасија 70-90 милиони евра за отплата на главницата по 7 години, зашто власта се задолжи само на 450 милиони евра наместо износ од „значително над 500 милиони евра“, како што јавија светските агенции после доставувањето на првите понуди од кредиторите.А, тие 70-90 милиони евра можат да бидат многу важни кога станува збор за предизборната корупција. За оваа година планирано е да се отплатат 180 милиони евра, според зборовите на министерот за финансии Кирил Миновски, а за идната ќе бидат сигурно повеќе зашто ќе треба да се плати и дополнителна камата од 25,3 милиони евра на овие 450 милиони евра со кои се задолживме сега.Откако ќе се отплатат долговите оваа и идната година,прашање е колку пари ќе има за корумпирање. А, секое евро помалку за предизборна корупција е евро повеќе во корист на демократијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.