Published: Friday, October 11, 2013 20:37
Утрово во пожар во скопска Кисела Вода изгоре дел од куќата на актерката Весна Петрушевска. Во моментот на избувнување на пожарот семејството на Петрушевска било внатре но, успеале навреме да ја напуштат куќата.
Како што информираше против пожарната служба во пожарот, кој го зафатил и целосно го уништил покривот на куќата, никој не е повреден.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец, по увидот на терен вети еднократна парична помош за оштетените граѓани.
Висината на финансиската помош, ќе се дефинира по увидот, а сезонските работници и механизацијата од општината ќе помогнат при санирање на штетите.




