Црквата е еден од столбовите на македонскиот народ и негов бастион, но доведена е во ситуација да биде дел од друга црква, со можност да остане отворена за други влијанија и по 55 години нема да биде автокефална, истакна новинарот Бранко Ѓорѓевски во гостување на ТВ 24.

„Стануваме дел од автономијата во рамки на Српската православна црква и остануваме отворени за влијанија. Какви ќе бидат ќе видиме. Македонскиот идентитет сите години беше граден зошто црквата беше автокефална и сите сме сведоци што таа црква направи за нас и идентитетот“, рече Ѓорѓевски за ТВ 24.