Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

0
By Zoran Ivanov on November 18, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 18, 2025 11:15

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе од катовите и покривната конструкција, поради што во гаснењето се вклучени голем број пожарникари и механизација.

Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми.

Пожарот почна од покривот и брзо се прошири на средниот дел на зградата и долните катови. Новинарот Крешо Воларевиќ од ХРТ јави дека огнот се однесува невообичаено.

На моменти изгледа дека сè е изгаснато, а потоа нагло избувнува, делови од фасадата паѓаат, јави ХРТ.

На терен се стотина пожарникари со 30 возила.

Командантот на Јавната противпожарна единица на Град Загреб, Синиша Јембрих, за Хрватското радио ја објасни сложеноста на ситуацијата. По дојавата, пожарникарите се искачиле на врвот, почнале да гаснат, но набрзо забележале дека гори и под нив, што е исклучително опасно.

Тоа може да покаже дека дошло до некоја катастрофална грешка, односно нешто во инсталациите, така што тие инсталации всушност го предизвикале пожарот по целата вертикала на зградата, што е исклучително опасно – појасни Јембрих.

Тој додаде дека поради опасноста, пожарникарите морале да се повлечат и да го гаснат огнот однадвор, што е помалку ефикасно, но неопходно. Во моментов, гасењето се одвива само од надворешни позиции поради паѓањето настакло и на делови од фасадата.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој утрово пристигна пред зградата, потврди дека штетата е „тотална“.

Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси однатре и однадвор. Не се знае која е причината, постојат некои сомнежи, но увидот ќе го утврди тоа. Најбитно е дека нема човечки жртви и опасност за граѓаните, рече Томашевиќ.

Тој додаде дека мнозински сопственик на зградата е државата, а статичарите ќе треба да проценат дали конструкцијата е за рушење или ќе се оди на обнова.

Синиша Јембрих потврди дека нема опасност од уривање на објектот, иако станува збор за еден од симболите на градот Загреб.

Управата за цивилна заштита информираше дека пожарот се прегледува со термокамера, а на местото на настанот е повикан статичар кој ќе ја процени состојбата на конструкцијата.

 

вјесник Загреб зграда пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.