Регулторната комисија за енергетика одлучи бензинот да поевтини за 3 денари а дизелот за 1.5 денари по литар, врз основа на пониската просечна цена на суровата нафта на светските берзи и повисокиот курс на денарот спрема доларот во изминатите 14 дена.
Малопродажната цена на „еуросупер“ БС од 95 октани од полноќ ќе биде пониска за 3 денари по литар и ќе изнесува 74 денари.
„Еуросупер“ БС од 98 октани ќе има пониска цена за 2.50 денари и литар ќе се продава за 76 денари.
Малопродажната цена на „еуродизел“ се намалува за 1.50 деари и ќе изнесува 63 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство со поевтинувањето ќе биде пониска за два денари и ќе изнесува 51.5 денари за литар.
Цената на мазутот пак се намалува за 2.86 денари по килограм, со што новата цена ќе изнесува 35.892 денари.