Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гошев: Институциите мора да се заинтересираат за случајот Макпетрол

0
By Нова ТВ on July 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ако се нормални и одговорни функционери на Република Македонија, не може да не ги интересира какви белосветски хохштаплери го запоседнуваат имотот и пазарот во државата“, вели за Телма поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев, коментирајќи го односот на државните институции кон случајот со Макпетрол и понудата за преземање од анонимната офшор компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“.

Гошев вели и дека кај дел од членовите на Комисијата за хартии од вредност има и конфликт на интереси.

„КХВ ја одолговлекува работата, но ако се погледне списокот на луѓето таму, ќе се види дека има некомпетентни, ќе се види дека има луѓе кои се целосно во служба на „првиот злосторник“, како и луѓе кои обавуваат по две до три неспоиви функции, кои што се еклатантен пример на конфликт на интереси. И тоа се толерира, затоа што тие луѓе едноставно мислат само да ги земат парите за учество во органите на управување во тие институции, а не да ја вршат својата работа одговорно и во согласност со законите“, вели Гошев.

Гошев е последниот во низата експерти кои јавно го повикаа македонските институции да испитаат кој всушност стои зад сомнителната офшор компанија, основана пред неполни два месеца, и од каде доаѓаат парите со кои руско-израелските „инвеститори“ сакаат да го преземат Макпетрол. И покрај овие апели, ниту една државна институција досега не се одважи да ги истражи информациите за сомнителните бизнисмени кои сакаат да ја купат најголемата македонска нафтена компанија.

Во јавноста изминатиов месец и половина се појавија информации за минатото на луѓето поврзани со Балкан Петролеум, Од нив се гледа поврзаноста на овие бизнисмени со сложени и таинствени офшор шеми, кои ги подгреваат сомневањата за вмешаност во корупција и перење пари. Ова ги засили стравувањата дека обидот за преземање на Макпетрол всушност е обид за внесување на црн капитал во македонското стопанство.

Комисијата за хартии од вредност вчера ја врати понудата на „Балкан Петролеум“ на доработка. Тоа значи дека во наредниот период, понудувачот мора да ја обезбеди потребната документација, за која во Комисијата не сакаат да зборуваат и да откријат што му недостасува на Балкан петролеум, и дури потоа одново службите на КХВ да се изјаснат дали досието е комплетирано. Во случај документацијата да е комплетна, почнува да тече законскиот рок од десет дена во кој КХВ треба да одлучи дали ја прифаќа понудата.

Гошев Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.