При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските
инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа илјада
парчиња антиген тестови за Ковид 19, информираат од Царинската управа.
-На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил
автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар,
управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија
Германија-Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор
биле пронајдени непријавени три пакета од патникот Б.С од Гостивар, во кои се
наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид-19 Hotgen, со вкупна вредност
од околу 50.000,00 денари, соопштија од Царина.
Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени
предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за
поведување на прекршочна постапка.