Со вакви реакции излегоа Хелсиншкиот комитет, Здружението на новинари, Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани групи, асоцијацијата за родова еднаквост откако почна да се шири зла крв во медиумите по повлекувањето на анкета на Вест со наслов„ Која водителка без гаќи кај Груевски“.

Анкетата беше тргната, а уредникот на Вест, Горан Михајловски не објасни под чиј притисок ја повлекол анкетата. Веднаш потоа весникот Вечер и онлајн изданието излегоа со насловна„ Има ли хомосекуалци меѓу новинарите“.

Во јавноста ваквиот наслов во Вечер се прокоментира како враќање на ударот од уредничката Ивона Талевска која беше ставена во анкетата на Вест за изборот на новинарки кои би го интервјуирале премиерот Груевски.

Ова е само почеток на нешто што ќе се случува пред изборите изјави за НОВА Уранија Пировска претседател на Хелсиншкиот комитет. Граѓанските асоцијации смеат дека власта создава непотребна тензија, врши притисок врз медиумите, а со тоа граѓаните не доаѓаат до вистинските информации.