Published: Monday, January 20, 2014 00:00
Околу три часот изутринава непознати лица провалиле во бараката бр.6 во општина Центар каде се чува целата документација за работата на Советот.
Крадците ги однеле сите компјутери во дворот пред бараката, но во тој момент дошло обезбедувањето и тие побегнале во непознат правец со себе носејќи торба, но сè уште не е утврдено што точно имало во торбата.
Од утре Крим Техника ќе утврдува кои се сторителите и што сè е однесено од општинските архиви.




