Откако неколку години по ред снегот во јануари беше изненадување за градските и општинските власти, Градот Скопје одлучил годинава да не го дозволи тоа.
По најавите за обилни врнежи од снег и ниски температури, градоначалникот Коце Трајановски денеска одржал координативен состанок со зимската служба и со претставници од општините.
„Подготвени сме за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во зимски услови. За чистење на снежните наноси од коловозите Градот Скопје оваа сезона располага со 24 возила и со доволно количество сол, односно со 2.500 тони сол“, пишува во соопштението од Град Скопје.
Од Градот им препорачаа на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Изминатите неколку години, првиот снег секогаш беше изненадување и за градските и за општинските власти, а поради тоа улиците беа затрупани и непроодни.