Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје со 30 милиони евра за барок, а 200 илјади за загадувањето

1
By Сашка Цветковска on November 24, 2016 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во предлог  буџетот  на Градот Скопје се предвидени десетици милиони евра за барокни фасади, луна паркови и мебел за новата барокна зграда, а за справувањето со проблемот на Скопјани има околу 220, 000 евра од кои најголем дел се за елаборати и само 65, 000 евра за субвенции за пелети за 2017 година.

untitled

Трошоците во оваа табела земена изворно до предлог буџетот на Градот се практично сите трошоци кои градот следната година предвидел да ги реализира со цел справување со загадувањето на воздухот (изразени во денари) и речиси сите се за елаборати, со исклучок на трошоците за субвенции за пелети до 65,000 евра.

Елаборат за воздухот од  5,000 евра наспроти фасади од 16 милиони евра

Заедно со предлог буџетот,  Градот доставува и програма за План и развој која ги определува главните инвестиции кои градот ги смета за приоритетни за граѓаните.

Ќе  се троши на барокни згради, на нови фасади, луна парк и мебел за новата зграда, додека за загадениот воздух кој претставува сериозна опасност по здравјето на скопјани нема ниту збор во Планот за програми на развој врз основа на кој се изработува  и предлог буџетот изработен од службите на Градот Скопје. Овој план заедно со предлог буџетот на 30 ноември ќе се разгледува на седницата на Советот на Градот во којшто мнозински број на советници има владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

За следните три години (2017,2018 и 2019) се определени неколку главни цели или, како што ги нарекува Градот Скопје „развојни инвестиции“. Најмногу пари ќе се трошат на фасадите, луна парк и на доградба на барокната зграда на Градот Скопје на плоштадот и нејзино опремување.

Во наредните три години Градот како приоритет сака да потроши речиси 30 милиони евра за фасади и за опрема и доградба на барокната зграда, а за поправање на училиштата во Скопје само 2,5 милиони евра. Најмалку пари се предвидени за атмосферска канализација или околу 2,4 милиони евра иако самите служби забележале дека ова е голем проблем во градот. И додека на градоначалникот Коце Трајановски препорачува граѓаните да не проветруваат и да не излегуваат од дома ако не мораат поради енормно високото и опасно загадување на воздухот, овој проблем не се најде во неколкуте определни капитални инвестиции на Градот.

За реконструкција на фасадите, проект кој градот го спроведува неколку години и со којшто центарот на Скопје се „зави“ во  таканаречен барок, градот предвидел речиси 16 милиони евра за следните три години.

Целта на оваа програма е да се изврши обновувањето на фасадите на зградите во централното градско подрачје, со што се овозможува свеж и обновен изглед на центарот на градот. Старите фасади континуирано се заменуваат со нови поатрактивни фасади. При тоа, со самата реконструкција, Градот Скопје влегува во едно ново поглавје и може вистински да се носи со познатите светски метрополи, се вели во образложените на Градот Скопје.

Малку помалку или околу 14 милиони евра ќе се трошат за да се доправи Градската куќа каде што ќе се пресели администрацијата на Градот, како и за нејзино опремување со мебел, но и набавки на софтвери за да се усовршувала администрацијата.

Цели на оваа развојна програма се обезбедување подобри услови за работење на градската администрација, зголемена ефикасност и ефективност во работењето, како и поголема транспарентност кон граѓаните и бизнис заедницата. Овие цели се планира да се постигнат преку повеќе проекти и активности, како набавка на компјутерски софтвер, продолжување со изградба на новиот административен објект – градска куќа, купување канцелариски мебел, како и информатичка и друга опрема за потребите на градската администрација, пишува во Планот.

Најмалку пари се предвидени за училиштата и за атмосферската канализација, а најмногу за реконструкција на улици и патишта или околу 95 милиони евра за наредните три години. За Луна паркот се предвидени 7,5 милиони евра.

 

 

барок Град Скопје загаден воздух Коце Трајановски фасади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.