Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градинарот греблата ја гази

0
By Zoran Ivanov on October 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 19, 2025 13:01

Сакам да ве прашам: мислите ли вие дека ова е пелтечење на една стара будала или е опција во која сите можеме да завршиме како градинарот на претседателката. Кочани покажа дека се е можно. И многу други случаи. Знаете ли дека се плашам дека при некоја операција власта и нејзините симпатизери можат да организираат никогаш да не се разбуди најголемиот македономрзец и предавник?

Бранко Тричковски

Може ли претседателката да го убие својот градинар?!

Човекот што цвеќето го расте.

Или готвачот?

Или дизајнерката која прави подвизи правејки креации во кои нашата претседателка изгледа ко Кејт Мидлтон на Вимблдон?

Или некоја будала од богатата кабинетска понуда?

Што ќе се случи ако нешто од сево ова се случи?

Претпоставка е дека не е толку крвожедна да ги ликвидира сите жители и служители на Шато Водно.

Прво ќе излезе Панчо Вила и ќе рече дека истрагата ќе покаже што се случило, но дека првите сознанија велат дека градинарот се самоубил така што стапнал на гребулата од страната на металните запци и дршката го убила со силен удар по челото.

Дафкова, облечена во фустан од црн сатен, во камерите на “само вистина” или некое друго теве срање, ќе изјави дека е потресена и ќе покаже марула што заеднички ја растеле со починатиот.

На сите телевизии ќе оди прилиг дека дизајнерката се самоубила по критиките што јавноста ги упати на тоалетите на Дафкова или затоа што не можела да ја поднесе изневерата на своето момче.

Итн.

Во меѓувреме истрагата ќе тече бавно како Парана од Дневникот на Гомбрович.

И темелно, нормално.

Обдукцијата ќе покаже дека кој и да е од наведените мртов, умрел така што кренал раце врз себе.

Втората опција е (градинарот) несреќен случај.

На една телевизија ќе се појави вест дека Филипче стои зад смртта на будалата од кабинетот на Дафкова, односно дека не се работи за самоубиство, туку за убиство.

Од Судска медицина ќе речат дека ќе ја повторат обдукцијата да видат дали во телото на умрениот ќе најдат куршум, заглавен некаде во дебелото црево.

И ќе излезат со соопштение дека е најден калибар од девет милиметри во дивертикулите на колонот.

Од обезбедувањето на претседателката ќе кажат дека вечерта чуле некој сомнителен шум, можеби и пригушен истрел, но дека помислиле оти тоа шумските животни имаат секс.

Некој рекол дека треба да се провери претседателката, демек, кај била во времето на смртта, што правела, но утредента тој љубопитен човек е пронајден мртов, навидно предозиран со хероин.

И не само мртов, туку и компромитиран како наркоман чии изјави не смеат да се земаат сериозно.

Сакам да ве прашам: мислите ли вие дека ова е пелтечење на една стара будала или е опција во која сите можеме да завршиме како градинарот на претседателката.

Кочани покажа дека се е можно.

И многу други случаи.

Знаете ли дека се плашам дека при некоја операција власта и нејзините симпатизери можат да организираат никогаш да не се разбуди најголемиот македономрзец и предавник?

По што ќе следи комисија, меѓународна експертиза, истрага, изјави, може дури и некоја жртва да падне, доктор анестезиолог или хирург што шмркал кокаин, сеедно, но Тричко ќе продолжи да си спие во Хотел “Македонија”, сосема бесплатно.

Дафкова е тука како брутална хипербола.

Сите знаеме дека не би згаснала ни мравка.

Се надевам дека правилно ќе ме разбере.

Дека се создадени услови за физички ликвидации.

И за нивно забошотување.

Мартин Дали и Марго Вилсон ја застапуваат тезата дека “убиството на противникот е краен облик на стратегијата за решавање на судирите”.

Таа доктрина, така спектакуларно, без многу крв, но ефектно и ефикасно, ја применува другарот Путин.

Македонскиот Владимир во една вечер уби толку луѓе колку што Путин нема џамови.

Размислете за овие констелации.

Пред да ве лизнат од некој џам.

И да почне истрагата за која нема информации помеже власта не сака да ја компромитира со вистината.

Кога вистината е убиена, смртта е реална опција!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бранко ртричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.