Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градобијните „ракети“ викендов спасија над 80 отсто од подрачјата со невреме

0
By Соња Крамарска on May 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Викендов, нашата земја беше зафатена од нестабилни временски услови кои предизвикаа пороен дожд и град на повеќе места низ државата. Екипи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се на терен низ повеќе региони и вршат увид на состојбата и штетите предизвикани од невремето. Министерот Николовски заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Ивица Тодоровски, го посетија Лозово кое вчера во текот на ноќните часови беше зафатено од силно невреме проследено со град.

„Денеска сме во Лозово заедно со земјоделците и директорот на УХМР, Ивица Тодоровски каде вршиме увид врз штетите кои ги предизвика невремето. За жал најголеми штети се забележани во Лозово, кое со град и силен дожд е зафатено во текот на ноќта после 22:30 часот. Сепак да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава, ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места“, изјави министерот Николовски.

Лозово настрадало, појасни министерот, затоа што невремето се случило во доцните ноќни часови, а тоа е период во кој авионското дејство е невозможно од безбедносен аспект за пилотите.

Николовски ги повика општинските комисии да излезат на терен и да започнат со процена на штетите и подготовка на план за обесштетување на земјоделците.

Радарските центри Тополчани и Ѓуриште редовно ги следат градоносните облаци и врз основа на параметрите од радарската контрола, вчера и завчера беа активирани воздухопловите за авионско разбивање на градоносните облаци. Дејствувано е со вкупно 396 „истрели“ од кои 257 во Пелагонискиот регион каде е дејствувано врз повеќе градоносни облаци а дејствувано е и во Преспанскиот, Охридско-Струшкиот, Полошкиот и Велешкиот регион. Со навремената реакција на УХМР спречена е појава на град на повеќе од 80 отсто од регионите зафатени со градоносни облаци, а со тоа се заштитени земјоделските посеви, велат од Министерството.

Разбивањето на градоносни облаци со сребрен јодид е успешна метода со која градот се претвора во дожд. Дејствувањето на авионите нема цел да спречи појава на дожд, кој е корисен за земјоделските површини, туку единствено има за цел да дејствува во разбивање на градоносни облаци, и спречување на град и штети на земјоделските површини, дополнуваат од Министерството за земјоделие.

Министерството подготвува нов закон за осигурување во земјоделството, преку системот Земјоделски осигурителен пул. Овој систем има за цел да ги заштити земјоделците од неповолните климатски промени од една страна и од друга страна да го забрза процесот на обештетување во случаи кога сепак ќе настане штета предизвикана од временски непогоди. (С.К.)

градобијни ракети невреме
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.