Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, поради тоа што е заразен со коронавирус. Претходно беше објавено дека и градоначалникот на Чаир- Висар Ганиу е исто така позитивен на корона.
Горанчо Крстев од Чешиново – Облешево е првиот градоначалник што беше заразен со коронавирус, уште во почетокот на епидемијата во земјава. Потоа, позитивен тест имаше и градоначалникот на Куманови Максим Димитриевски, поради што во самоизолација завршија неколку функционери- премиерот Оливерс Спасовски и министрите Венко Филипче, Арбер Адеми и Бујар Османи.
Спасовски до пред некој ден беше повторно во самоизолација, како и целата прва постава на кандидатската листа на СДСМ во Втората ИЕ, откако беше потврдено дека со коронавирусот се заразени партискиот потпретседател Мухамед Зекири, но и директорката на УЈП Сања Лукаревска.