Руската војска е на праг до јужниот украински град Херсон, порача ноќеска неговиот градоначалник.
На влезовите во Херсон, Русите поставија контролни пунктови. Тешко е да се каже како ќе се развива ситуацијата, напиша Игор Коликаев, градоначалник на Херсон, на Фејсбук.
Тој додаде дека Херсон е „украински град и таков ќе остане“, како и „Херсон ќе се спротивстави“.
Се наоѓам во мојата канцеларија за да ги координирам службите за вие да се разбудите во релативно мирен град, порача тој, барајќи од жителите да останат смирени и внимателни, но и да не излегуваат надвор во време на полициски час.
„Не правете агресивни разговори со никого и не провоцирајте судир со неистомисленици. Ова не е битка, ова е војна. А, војна се добива со разумни постапки и ладни глави“, заклучи тој.




