Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалникот на Неготино: Жителите на Тимјаник биле изманипулирани

2
By Менче Атанасова Точи on June 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се смирува тензијата во Тимјаник. Ова за НОВА го изјави градоначалникот на Неготино, Тони Делков кој бил таму и разговарал со жителите на Тимјаник.  Тој смета дека жителите на Тимјаник биле погрешно информирани за децата кои треба да бидат донесени од Заводот во Демир Капија.

Делков рече дека не знае кој го направил плакатот со кој жителите се повикуваат на бојкот, но веќе имаат некакви сознанија кој има давал погрешни информации на жителите на Тимјаник.

„Не знам кој стои зад плакатот кој ги повикува на бојкот за центарот, но очигледно е дека биле погрешно информирани од некои луѓе. Им било кажано дека ќе има 10 деца во тој мал простор, дека се агресивни. Верувам дека во скоро време ќе се оградат од сите работи кои беа кажани, дури и некои ќе се согласат да волонтираат“, изјави за НОВА, градоначалникот Делков.

Тони Делков градоначалник на Неготино

Сепак, тој смета дека локацијата каде што е планиран центарот не е соодветна бидејќи е на самиот регионален пат, објектот не е ограден и дека е опасно за децата доколку излегуваат сами надвор.

Делков ја потврди информацијата на НОВА дека пред извесно време му пратил писмо до премиерот Заев во кое го известува дека локацијата не одговара за станбена единица за деца со попреченост  и дека жителите не се согласуваат со одлуката на Министерството за труд и социјала.

Неофицијално, атмосферата во Тимјаник ја подгреале вработени во Заводот во Демир Капија кои се уплашени за своите работни места. На социјалните мрежи пак, има коментари дека во Демир Капија ќе се гради камп за бегалци и дека заради тоа се празни Заводот, а не заради деинституционализација.

Министерката Мила Царовска е на службено патување во странство после кое им вети на жителите на Тимјаник дека ќе се врати повторно да разговараат, кога ќе слегнат тензиите.

Мал групен дом во Тимјаник каде треба да се сметстат четири деца со попреченост
Внатрешноста на просторот чие средување треба да заврши за неколку дена

 

 

 

 

 

 

 

 

Проектот за деинституционализација предвидува да се извадат сите корисници на Заводот во Демир Капија за да живеат во мали домови во населени места со тимови кои ќе се грижат за нив 24 часа. Вакви мали домови се предвидени во повеќе градови во државата.

Овој процес што започнува годинава треба да заврши за две до три години. Центарот во Неготино и тој во Тимјаник се дел од проектот за деинституционализација на штитениците од Заводот во Демир Капија каде има вкупно 216 лица. Со проектот е предвидено за две до три години сите тие да бидат ресоцијализирани и вклучени во општеството, а не во големи, безлични и сегрегирачки институции. Тој е поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и од Европската Унија.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.