Шпенд Ахмети, градоначалникот на Приштина од својата канцеларија ги отстранил косовските знамиња и истакнал албански, објави денеска приштинскиот весник „Трибуна“.
Весникот пишува дека постапката на градоначалникот, кој е од редовите на движењето „Самоопределување“, е многу лоша, укажувајќи дека „Ахмети уште првиот работен ден ги прекршил своите обврски“.
Приштинскиот градоначалник неодамна изјави дека косовското знаме ќе се употребува таму каде што наложува законот.
– Политички не се согласуваме, но ова прашање не може да се реши на општинско, туку на централно ниво. Меѓутоа, ниту еден закон не го забранува албанското знаме, истакнал Ахмети.