Љубомир Костовски: Кога некого боли стомак, треба да се оди на лекар.
Тазе градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, апелираше деновиве случајот со стомачните тегоби кај учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ да не се злоупотребува за дневнополитички цели.
Тој за 4NEWS изјавил дека и самиот последниве денови има слични симптоми, но нагласил дека е клучно институциите да ги завршат анализите пред да се извлекуваат заклучоци.
Е па зајклучоците се познати. Во примерокот од мусаката што се служела во првата смена во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, утврдено е присуство на грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae.
Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), истиот тип фекални бактерии биле детектирани и на три чешми во училиштето. Комбинацијата кујна – вода во чешми е секако загрижувачка бидејќи покажува на различни извори на заразата (а може и само еден да ја поврзува кујната и водоводот.
Ако се работи само за водоводот градоначалникот треба да се јави сепак на Клиника, ќе му треба лекување!

