Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градот се мие со вода!

0
By Zoran Ivanov on September 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 19, 2025 10:43

Дали власта во Скопје ќе сфати дека за да се излезе од  годините , децениите на флагрантна негрижа и тенденциозно деструирање на градот, треба проекти, но не оние на Коце со  одливање на пари во безброј никогаш незаживеани физибилити студии со странски експерти и агенции(!?), туку стварни и применливи проекти. За сообраќај, за  загадување, за градскиот јавен транспорт, за паркирање, за нови улици, тунел под калето кој никогаш нема да се напарви … И, градот да почне да се мие. Со вода!

 Александар Шољаковски

 Веројатно немаше ни да забележам, но кога градоначелникот Шилегов во  автентичен груевистички стил се истопори заедно со соработниците( заради убедливост што ли) за да  даде отчет за првите сто дена на своето владеење, видов дека и оваа власт продолжува во манирот на претходната.

Пи – ар претставувањето за претходните беше начинот како да се замајува граѓанството, како да се прикаже лажното како вистинито, играјќи со бројките и податоците, без тоа да има вистинска подлога во реалноста. За успесите се изнаслушавме во минатото и видовме на што се сведе.

Во големата желба на новите власти да се прикажат поинакви, тие (нескајќи претпоставувам!?)  се потврдуваат како исти или многу слични со претходните, барем во делот на односите со јавноста. Новата власт на сите нивоа најпрво се потруди да ги формира службите за односи со јавноста, вработија еден куп луѓе чија основна цел е да ги презентираат успесите на новата власт дури и кога ги нема. Мислат веројатно „на Груевски му успеа , зошто не и нам!“ Но, забораваат ли како заврши Груевски?

За Шилегов се решив да гласам најповеќе заради една негова изјава. Во финишот на кампањата, на прашањето што прво ќе стори ако биде избран, рече:  Прво ќе го исчистам , ќе го измијам градот! Точно погоди што му треба итно на Скопје, после толку запуштеност и негрижа. Но , тоа не го направи иако во отчетот вели дека кренале не знам колку тони отпад. Но, тоа е или неточно или недоволно. Зашто градот е исто толку валкан, масен и запуштен како што си беше. Ако не знаат, миењето е процес во кој се употребува главно вода и тоа се прави редовно, секојдневно. Јас вода не видов.

Во време на неговиот избор во уличката пред мојата куќа имаше многу отпаднати лисја. Ги собрав на неколку купчиња во надеж дека ќе им олеснам на оние (Шилегов вели, неколку стотини) специјално ангажирани чистачи. Купчињата сè уште се таму иако во уличката има барем 70 станови. Одговорно тврдам дека ниеден чистач за овие сто дена не поминал таму. Или само поминал.

Градоначелникот зборува за мерките против загадуавњето. Освен неколку забрани тој нема ништо направено, а верувам дека миењето (со вода) ќе помогнеше.  Беа забранети работи на градилиштата во критичните денови. Но таа забрана не се почитуваше. Се забранија коли на Водно. Тропа! Се засадиле 615 дрвца. По едно на илјада жители. За напролет се предвидувале нови 4000. Тоа драстично ќе го зголеми просекот по жител! Столбчињата против паркирање веќе личат на селска ограда, нема пет кои се во иста линија, а чекам како ќе паѓаат бидејќи се направени од многу јак материјал.

Црвениот бран наместо зелениот, сè уште функционира. Веројатно не сакаат да ја  упропастат оваа инегениозна измислица на Коце? И уште еден куп од тие пи – ар досетки кои ниту вредат ниту нешто значат. Но, изгледа стручњаците за односи со јавноста имаат сознанија дека граѓаните сакаат да бидат излажани, замаени, убаво им доаѓа кога  се прикажува некоја друга стварност, стварност во која работите кои се нормални и се прикажуваат како голем дострел на политичарите. Скопје, вели Шилегов, ќе биде „паметен“ град во кој граѓаните ќе можат лесно да ги извршуваат своите барања и обврски. Зошто? Затоа што тоа им го овозможило новото раководство! Нормалното  станува  смешно како и оној мангупски штос  со поефтинетото поскапување на давачките за вода,  за  кое и Владата сфати декја е идиотски потег, па го запре.

Како и да е Скопје е една  тажна приказна  во која ниту пристојно се живее, ниту е  град за да се пензионираш, ниту е град со живот за сите. Можеби е добар за упокојување!?

Дали власта во Скопје ќе сфати дека за да се излезе од  годините , децениите на флагрантна негрижа и тенденциозно деструирање на градот, треба проекти, но не оние на Коце со  одливање на пари во безброј никогаш незаживеани физибилити студии со странски експерти и агенции(!?), туку стварни и применливи проекти. За сообраќај, за  загадување, за градскиот јавен транспорт, за паркирање, за нови улици, тунел под калето кој никогаш нема да се напарви … И, градот да почне да се мие. Со вода!

Пиарот е корисен кога ги афирмира добрите потези им дава на значење, ги поттикнува, ги прави поинвентивни . Но тој не е доволен. Со него работите не стануваат подобри, ако веќе не се такви.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

александар шољаковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.