Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градот Скопје подготвува скандалозна мултимилионска трампа на имот

1
By Нова ТВ on August 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градската власт подготвува скандалозна замена на деловни простори меѓу Јавното претпријатие Комунална хигиена и фирмата која е сопственик на имотот на поранешната фабрика за автобуси “ФАС 11 октомври“ – Унитајарс Стил Импекс, дознава НОВАТВ.

На утрешната седница на Советот на Град Скопје ќе треба само да се верификува одлуката на Управниот одбор на Комунална хигиена, со која ќе се изврши размена на деловни простории на јавното претпријатие од 1366 метри квадратни во центарот на Скопје со распаднати и руинирани згради сопственост на поранешната фабрика за автобуси „ФАС 11 октомври“.

Идејата за ваков чекор потекнува од минатата година, кога Управниот одбор на јавното претпријатие донел одлука да се изврши проценка на вредноста на деловните простории во центарот на Скопје.

Под изговор дека канцелариите се расфрлани на повеќе локации, Управниот одбор решил да ги трампа:

„Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје своите деловни активности ги извршува на повеќе локации во повеќе деловни простории кои се поврзани со издавање/одлевање на повеќе финансиски средства, неможност да се обезбеди највисока можна економичност, ефикасност и ефективност во работењето. “, се вели во одлуката на Управниот одбор од 10 јуни 2015 година.

14081406_10209712862394292_1086579026_n

Комунална хигиена за проценка на имотот го ангажирала Бирото за судски вештачења, кое просториите во центарот на Скопје ги проценило на 1.561.950 евра. Донесена е одлука, имотот да се менува со просториите на ФАС 11 октомври во сопственост на Унитајарс Стил Импекс.

Ова се локациите и просториите кои ќе ги даде Комунална хигиена на фирмата чиј сопственик е бизнисменот Славе Распашковски.

Улица Македонија бр. 45 Скопје Дирекција над Краш 222 квадрати

Ул, Иво Рибар Лола бр.58/2 Скопје Палата КУЗМАН 367 квадрати

Ул. Илинденска б.б. Скопје спроти Влада на РМ 535 квадрати

Ул. Иво Лола Рибар 59/2 Скопје Палата УНИЈА 212 квадрати

Проценетата вредност на имотот на Комунална Хигиена во центарот на Скопје е 1.561.950 евра, а на просториите на ФАС 11 октомври во општина Гази Баба се проценети на 4.939.104 евра. Распашковски не само што ќе добие „златен имот“, туку и разликата од проценетата вредност од 3.300.000 евра.

Од Комунална хигиена денеска не сакаа да ја коментираат својата одлука. Тоа ќе го стореле кога одлуката ќе поминела на Советот на Град Скопје и ќе станела правосилна.

Извори за НОВАТВ, велат дека се сомневаат во веродостојноста на проценката на имотот, оти не е возможно деловен простор во срцето на Скопје, да има иста вредност како деловен објект во општина Гази Баба. Според изворите на НОВА, токму тука е направена целата „ујдурма“, како да се добие привид дека трампата има економска оправданост.

Кој е интересот за запуштената „Фас 11 октомври“

Во 2003 бизнисменот Славе Распашковски ја купува фабриката „ФАС 11 Октромври“. Фабриката е задолжена и во лоша состојба, а Расшпаковски прави неколку неуспешни обиди да ја рестартира и да го зголеми производството на автобусите.

Зделките на владата со Кина, кога ЈСП одлучи оттаму да го купува новиот возен парк, речиси ја закопаа судбината на оваа фабрика. Работниците останаа без работа, а на Распашковски му останува и кредит од 5,5 милиони евра кон Стопанска банка – Битола по што почнува да се распродава имотот на „ФАС 11 Октромври“ откако се активира хипотеката. Првите лицитации беа неуспешни.

Според деталниот урбанистички план „Ќерамидница 1“на местото на оваа фабрика предвидено е изградба на големи трговски единици, а се планира и пат кој преку „Ќерамидница“ ќе води до Аеродром или точно до хотелот „Русија“ на бизнисменот Сергеј Самсоненко.

Освен деловни единици, за овој простор кај Ќерамидница е предвидена и израдба на станбени објекти. Општината од ова место кога го менуваше дуп-от најавуваше развој и нова скопска елитна наслеба. Со оглед на фактот што градот Скопје овде ќе гради пат кој ќе ги поврзе Аеродром и Центар, како и тоа дека населбата, иако сега запоставена, е на добра локација и речиси до центарот на Скопје, бизнис интересите на многумина да се дограбат до просториите на ФАС не се зачудувачки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.