Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанинот да не се јави на главна каса

0
By Zoran Ivanov on January 26, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 26, 2025 19:13

Разочарувачки се и оградувањата, како на синдикатите, така и граѓанските здруженија – дека не можеле да повикаат на бојкот оти народот морал да јаде. Никој не спори со тоа, но како ќе им застанеме на поскапувањата ако не се преземе дел од одговорноста?

Соња Кириџиевска

Се разбира дека бојкотот на продавниците не може да го реши проблемот, но и тој е добредојден да се искаже како чин на граѓанско незадоволство. Речиси за ниеден посериозен проблем, од загадувањето, до состојбите во здравството, образованието, судството, немало масовна граѓанска реакција. Масовни се само партиските митинзи. Граѓанската иницијатива и реакцијата на државните органи се задушени од партиите – секој седми граѓанин на Македонија е член на политичка партија!

Хрватите, чија просечна плата, лани, во декември достигна 1.366 евра, не се согласуваат со фактот дека трговците се богатат преку нивниот грб со просечни маржи што за храната стасаа и до 40 отсто, па решија масовно да ги бојкотираат продавниците и бензинските пумпи поради високите цени на производите. На повикот што почна од здруженијата на потрошувачите се приклучија тамошните синдикати, граѓански организации, политички партии, па дури и министерот за економија го поддржа граѓанското незадоволство. Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, зад Романија (5,5 отсто) и Унгарија (4,8 отсто).
Македонските потрошувачи и натаму го исфрлаат својот очај од сиромаштијата само и единствено во меѓусебните разговори или на социјалните мрежи. А македонската просечна плата е двојно помала од хрватската!

За една година потрошувачката кошничка поскапи за 6.000 денари, иако главата ни ја наполнија со мерки со кои, демек, се намалувала инфлацијата. Што уште треба да ни се случи, по невиденото фијаско на новогодишната акција, која сами ја осмислија и сами ја минираа трговците, производителите и добавувачите?
Разочарувачки се и оградувањата, како на синдикатите, така и граѓанските здруженија – дека не можеле да повикаат на бојкот оти народот морал да јаде. Никој не спори со тоа, но како ќе им застанеме на поскапувањата ако не се преземе дел од одговорноста? Претседателката на Организацијата на потрошувачи даде свое објаснување дека и без повик за бојкот, најголемиот дел од граѓаните со години се воздржуваат од купување многу прехранбени производи поради општата беспарица.

Повиците за бојкот во светот, но и во нашето опкружување, датираат уште од големата криза, во 2008 година, кога повторно Хрватското здружение за заштита на потрошувачите ги повика потрошувачите една недела да го бојкотираат купувањето на сè, освен на основните прехранбени производи. Нивниот модел за ова беше Италија, кога тамошните граѓани одбија да ги купуваат енормно поскапените омилени тестенини. И успеаја. По една недела, тестенините поевтинија. Германците, пак, се здружија кога цените на производите останаа исти, но тежината на производите се намали.

Слични повици за бојкот на потрошувачите во 2023 година беа упатени во Грција, каде што локалните здруженија за заштита на потрошувачите ги повикаа граѓаните цела недела да не ги купуваат поскапените млечни производи. Пред еден месец, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди „алчните“ зголемувања на цените во некои сектори, карактеризирајќи ги зголемувањата како опортунизам, а не како економска неопходност. Тој ги повика граѓаните во борба со профитерството.

Освен што одглуми сериозна лутина пред камерите, нашиот премиер пред некое време се закани со засилени контроли од пазарните инспектори, но и со делење задачи за анализи – демек, да се види кој не се држел до дадениот збор за поскапувањата во новогодишната акција. Ќе имало и казни, а и замрзнување на цените и на маржите, рече Мицкоски.
И толку! Не видовме некој посериозен ефект. Сè е препуштено на Законот за нефер трговски практики, за кој злобниците тврдат дека е само фарса, зашто нема конкретни резултати. Очите на јавноста се вперени и во Комисијата за заштита на конкуренцијата. Дали таа ќе може да се справи со двоглавиот трговски аждер, допрва ќе видиме. Дотогаш ќе бараме производи на попуст и пак ќе се чудиме како парите ни се лизгаат низ прсти.

Се разбира дека бојкотот не може да го реши проблемот, но и тој е добредојден да се искаже како чин на граѓанско незадоволство против ловот во матно. Речиси за ниеден посериозен проблем што ги засега граѓаните, од загадувањето, до состојбите во здравството, образованието, судството, немало масовна граѓанска реакција. Масовни се само партиските митинзи. Граѓанската иницијатива и реакцијата на државните органи се задушени од партиите – секој седми граѓанин на Македонија е член на политичка партија! Линк

 

соња кираџиевска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.