Министерството за здравство воведе нова телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, Арбен Таравари преку мобилните апликации „Вајбер“ и „Вац Ап“.
Овој проект е наречен #ЗдравоТаравари.
Од денеска граѓаните преку електронска порака ќе можат да му пишат на министерот идеја, предлог, пофалба, критика, обид за корупција и нерегуларности со кои се соочиле. Тоа ќе можат да го направат на бројот 071349999.
„Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство“, вели Таравари.