Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните најмногу земаат станбени и потрошувачки кредити

0
By Marija Todorovska on December 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните депозити забележале раст од 11,0%, а вкупните кредити од 9,7%, соопшти Народна банка.

Паричната маса во ноември, бележи месечен раст од 0,6%, пред сè поради растот на долгорочните депозити до две години и
депозитните пари, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,1% и е резултат на растот на депозитните пари, долгорочните депозити
до две години и готовите пари во оптек, во услови на забележан пад кај краткорочните депозити.

Во ноември, вкупните депозити се зголемени за 0,9% на месечна основа во целост како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалија. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележаа раст од 11,0%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити, пак, се зголемени за 0,7% и 9,7% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Притоа, месечниот и годишниот раст се резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поголем придонес кон растот на кредитите
на корпоративниот сектор.

‒ Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа надолна месечна промена од 0,6%. Промената произлегува од намалувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен раст на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити, во денари и странска валута. Годишниот раст изнесува 7,0% и е резултат на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во странска валута и долгорочните и краткорочните
депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад.

Кредитите на корпоративниот сектор, остварија месечно зголемување од 0,8% коешто се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, растот од 11,5% во целост произлегува од зголемените кредити во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

Во ноември, кај вкупните депозити на домаќинствата е забележан месечен и годишен раст од 1,9% и 13,3%, соодветно. Притоа, растот кај двете основи во целост е резултат на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека
краткорочните депозити бележат намалување.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,7% на месечно ниво, како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во странска валута и во денари. На годишно ниво е забележан раст од 8,2%, којшто во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во ноември, најзастапените категории − потрошувачките и станбените кредити бележат месечно зголемување од 0,7% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 7,3% и 11,6%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалија за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа растат за 10,8%. Кредитите одобрени на кредитни картички, во ноември, забележаа месечен и годишен пад од 1,0% и 9,2%, соодветно. Во ноември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалување од 4,7% и 0,3%, соодветно, при остварено годишно намалување од 4,8% и 14,3%, соодветно, се неведува во соопштението од Народна банка

домаќинства кредити Народна банка станбен кредит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.