Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанскиот сектор да се вклучи во контрола на полицијата за избори

0
By Нова ТВ on December 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во процесот на набљудување на работата на полицијата за време на изборните циклуси да бидат вклучени и невладините организации, порепорачува Форумот за истражување и безбедносни политики „Секуритас“ во своето истражување за постапувањето на полицијата за време на локалните избори оваа година.

Истражувањето опфаќа пет фази од моментот на распишувањето на изборите од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери на 6 август до постизборниот период по 15 октомври, при што се опфатени распишувањето, двете предизборни кампањи, изборните молкови за двата круга, затворањето на избирачките места до објавувањето на конечните резултати и постизборниот период.

– Со цел зајакнување на контролата и надзорот на полициското постапување од голема важност е континуиран набљудувачки процес на постапувањето на полицијата за време на изборните циклуси од страна на организациите од граѓанскиот сектор. Заради зголемување на граѓанската контрола во полициското постапување потребно е во Оперативниот штаб формиран за обезбедување на изборниот процес активно да учествуваат и претставници на НВО-секторот, нагласи Пецо Трајкоски, претседател на Секуритас.

Појасни дека истражувањето е спроведено за да се добие појасна слика за полициската работа, особено поради случувањата со постапувањето на полицијата изминатите години во земјата и го оцени како пионерски зафат, со оглед на тоа што е прво од ваков вид, реализирано од граѓанскиот сектор.

– Отворена граѓанска надворешна контрола и надзор на полициското постапување треба да има не само за време на изборите, туку тоа треба да се случува во континуитет. Вратата на МВР треба да биде отворена, секако доколку нашите прашања не претставуваат загрозување на безбедноста на државата, рече  Трајкоски.

Истражувачите им препорачаа на МВР да ги зајакне капацитетите и ресурсите со цел полесно справување со изборните ризици и закани во иднина и соодветни законски измени и дополнување во врска со полициското постапување за време на изборни процеси.

Потребна и зајакната соработка на полицијата со сите партиски штабови регистрирани на нивните подрачја, преку лица за контакт, заради следење на сите нивни партиски активности, навремено изготвување планови за обезбедување и изработка на проценки од ризикот за време на одржувањето на партиските изборни собири.

Во анализата се препорачува и зголемено присуство на полициските службеници пред и околу гласачите места во текот на изборниот ден со оглед на тоа што на овие избори биле забележани обиди за поткуп на гласачите околу избирачките места, како и забрана на собирите за славење по завршувањето на изборите и објавувањето на првичните резултати се до објавување на конечните резултати од страна на ДИК.

Татјана Калајџиска, од МВР, истакна дека Одделот постапувал во пет пријавени случаи за незаконско и непрофесионално однесување од страна на полициски службеници на денот на изборите. Во три од нив, како што рече, пријавите биле неосновани, во еден немало доволно докази за прифаќање или отфрлање, а во еден случај наводите биле основани и против полицискиот службеник се води дисциплинска постапка.

избори истражување полиција Секуритас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.