Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанско незадоволство

0
By Нова ТВ on April 2, 2019 ВЕСТИ
Петар Богојески
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 2, 2019 14:47

Пишува Петар Богојески, докторанд на УКИМ Скопје и активист во ВМРО-ДПМНЕ

Како појава, граѓанското незадоволство е сосема очекувана, особено во демократско општество. Можеби ние не сме совршен пример за демократски поредок, но сме доволно во можност да искажеме незадоволство. Тоа е резултат на сите случувања во земјата, лични моменти, интереси, емоции, неисполнети очекувања… тоа е комплексна тема, која бара многу подлабока елаборација од тоа што може да се изнесе во една колумна. Но, често политичарите знаат да констатираат дека не им се јасни причините за појавата на толкаво граѓанско незадоволство. Многумина аналитичари и новинари ќе кажат, па тоа е нормално после одреден период од управување на една Влада. Без да се навлегува во причините, едноставно се констатира таа појава и прифаќа како вообичаена.

Познати се обидите за менаџирање со незадоволство, како потреба на власта или опозицијата. Почетно е доволно да се согласиме со фактот за постоење на големо граѓанско незадоволство од управувањето на актуелната Влада на Република Северна Македонија. Тоа незадоволство секогаш резултира со промена на Владата. Постои различен пристап во таа насока. Од реконструкција на Влада, помала или поголема, до промена на политичката гарнитура, која ја сочинува таа Влада.

Еден од најдобрите менаџери на „народно незадоволство“, како што милуваше да го нарекува, беше поранешниот премиер Груевски. И во услови на релативно контролирано незадоволство, ради „испусен вентил“, правеше чести персонални промени и реконструкции. Особено во пониските ешалони, кои се во директен контакт со граѓаните, а од тука и најмногу изложени на критика и генерирање на незадоволство кај многумина граѓани. На тој начин, проследен со огромна пропаганда, како медиумска така и теренска, целосни два мандати го контролираше граѓанското незадоволство. Актуелнава Влада на премиерот Заев, генерираше огромно незадоволство, за релативно краток периот на управување со државата. Бидеќи нема реконструкции и кадровски освежувања, незадоволните остануваат незадоволни, а поради отсуство на пропаганда, нема амортизирање на тие емоции. Во случајов, тоа незадоволство расте од ден на ден. Тоа би требало да резултира со промена на Владата, било од кој тип на промена, да станува збор.

Е тука лежи зајакот. Поради децениско управување со Републиката, ние од ВМРО ДПМНЕ заборавивме да бидеме опозиција, а поради децениско опозиционо делување, пријателите од СДСМ заборавија да бидат власт. Тоа е очигледно од начинот на кој СДСМ управува со граѓанското незадоволство, а особено од начинот на кој ВМРО ДПМНЕ го аксептира истото незадоволство.

Многумина мислат дека главната причина за тоа незадоволство е одлуката, да се промени името на Републиката за внатрешна употреба. Да точно, но тоа кај дел од нашите подржувачи и активисти. Оние граѓани кои гласаа за СДСМ на предходните избори, знаеја дека новата Влада на Заев ќе направи таков чекор. Можеби не во детали, но знаеја и тајно тоа го посакуваа, како предуслов за подобар живот во земјата. Од тука, СДСМ не изгуби ниту еден подржувач од своите, поради промена на името. Незадоволството е што не се испорача очекуваниот резултат, после таа промена.

Дополнително, концептот „Едно општество за сите“, не ги исполни очекувањата кај албанската популација, а која во доволен број даде подршка на СДСМ, а не на некоја од „албанските партии“. Од друга страна, Законот за јазици предизвика огромно незадоволство кај сите граѓани. Личниот момент, за кој често пишувам, е еден од клучните генератори. Предимензионирани очекувања и празни ветувања, создаваат атмосфера на општо незадоволство од секако вид. И нормално за СДСМ и левицата, како реакција на тоа, наместо да им порасне загриженоста за состојбата, на нив им расте ароганцијата.

Некој ќе каже, не си во право, Заев нема таква манифестација. Добро, можеби кај Заев таа ја нема, но тој како премиер и како лидер на СДСМ, ја има полната одговорност за таа манифестација кај неговите соработници и владини функционери. Тоа секако е веќе прашање на способноста, СДСМ да ја игра улогата на власт, за која напоменав дека дојдоа неподготвени. Наративот и поведението им е сеуште опозиционо.

Што со ВМРО ДПМНЕ? Како во улога на опозиција, да покажеме дека сме подготвени да го менаџираме тоа незадоволство? Има повеќе фактори, кои не ни даваат доволна оценка. За жал до денес, одромен дел од нашите членови, одбиваат да се соочат со реалноста дека сме опозиција. Имаме низа примери на средби со граѓани, кои бараат разни услуги од поранешни функционери, како да се сеуште актуелни на тие позиции. Цело време е таа приказната, дека сме биле неправедно симнати. Во ред, како и да е, прво таа одлука беше на народот, а второ мораме да се соочиме со реалната позицијата, па да тргнеме во поправна насока. Особено поразително е тоа што во услови на толкаво „народно незадоволство“, при затворање на бугарското, грчкото, албанското и дискриминаторското прашање, ние да не сме способни да осигуриме сигурна победа на ВМРО ДПМНЕ. Да не можеме да пораснеме со рејтинг над СДСМ. Тоа зборува за нас, не за нив. Што за нас? Многу едноставно.

Од владеењето на Груевски имаше задоволство, но и огромно незадоволство. Тие незадоволни граѓани им ја донесоа победата на СДСМ, особено на локалните избори. Сега незадоволните од СДСМ, не сакаат да донесат победа на ВМРО ДПМНЕ, од проста причина што ние не сме подготвени да ја прифатиме победата, односно не сме реформирани и сме целосно определени за ревизионистички процес и воспоставување на „груевизмот“, како идно управувачко поведение. Толку едноставно, оние кои го симнаа Груевски од власт, а сега се разочарани од СДСМ, не сакаат да го вратат „груевизмот“ на власт. Попросто нема.

Тоа граѓанско незадоволство постои, но едноставно одбива да се конектира со „груевизам“, кој му доаѓа како понуда од наша страна. Токму затоа е констатацијата дека, ние не се снаоѓаме во улогата на опозиција, а наративот и поведението ни се како да сме на власт, а времено некој ни ја одземал таа улога. Барањето и нагласувањето дека ќе се врати старата состојба, е најпогубна. Токму тој наратив прави никогаш да не се вратиме. Никој не сака да се враќа, туку сака да оди понатаму. Ние не треба ништо да враќаме, туку треба да понудиме подобро. Најмалку треба „груевизмот“ да го нудиме како подобро. Се додека тоа го правиме и инсистираме на тоа, граѓанското незадоволство ќе остане не застапено, не артикулирано, не искористено во наша полза. СДСМ ќе остане на власт.

Што не спречува во таа насока? Одговорот на тоа прашање беше суштината на реформите во ВМРО ДПМНЕ. Кој разбра, разбра, кој не, останува да разбере, понатаму. Како денес до гласовите на незадоволните? Едноставо, со јасна и чиста понуда. Дали можеме да продуцираме ние таква понуда сега, на овие претседателски избори?!? Многу тешко, закоравени сме во славата од минатото, опседнати со „груевизмот“, кој не навлекува само кон бес и омраза, немаме реална слика на опозиционата наша поставеност… едноставно во таква атмосфера, не вирее нова понуда. Нема кој да даде таков мастраф, да спакуваме таква обланда. Уште помалку има, кој да ја конзумира таа фалш обланда. За крај само ќе повторам, за да победиш, треба да си подготвен да ја прифатиш победата.

*Објавено во Вечер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.