Граѓаните ислучени од Топлификација во сабота повторно излегуваат на протест. Ова е единаесетти протест и сите наредни протести, ќе бидат усмерени кон домашната и странската јавност, и ќе имаат повеќе работен карактер.
-На протестот. кој ќе се одржи следната сабота, ќе биде усогласен текстот на писмото до странските амбасади во Скопје и ќе започне собирањето на потписите за тоа писмо. Инаку овие потписи, од почетокот на следната недела, ќе се собираат на повеќе места низ Градот, а ќе биде отворен и постојан пункт на влезот од ГТЦ., се вели во соопштението на граѓани.
Покрај ова, за време на траење на протестот, граѓаните ќе можат да се приклучат кон двете тужби кои се поднесени до Судовите.
Во „ бомбата 10 “ која ќе биде прочитана на протестот ќе бидат обелоденети информации за улогата на Владата во донесувањето на одредбите според кои исклучените плаќаат.
Граѓаните бараат БЕГ да престане да наплаќа и испраќа фактури на исклучените граѓани од системот на колективно греење, стопирање на сите судски процеси кон исклучените, прекин на сит епостапки од Извршител, но и одговорност од страна на организаторите на овој, како што тие велат криминал и судиите кои судат спротивно на Уставот и законите во државата.




