Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните контра власта: Сакаме паркови, а не бетон!

0
By Нова ТВ on March 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2013 15:46


Кога локалните власти решија да градат бензинска станица во паркот во Аеродром, граѓаните излегоа на протест. Кршеа лимови, собираа потписи, тропаа на вратите на сите институции, но залудно.

Не минаа подобро и тие што се бунеа против сечата на липите на Илинденска, новите згради зад Домот на градежници, против унишувањето на паркот спроти Бристол. Ваквите примери се бројни, граѓаните многупати ја изгубија битката со локалните власти. Во Аеродром не само што бензинската пумпа никна веднаш до зградите, неодамна се изгради и уште една од спротива. За втората изостанаа протестите, но остана револтот.

Во 4 часот наутро се менуваше и урбанистичкиот план за паркот спроти Бристол. Собраните потписи и протестот на жителите во зградите до паркот не дадоа никаков ефект. Локалните власти одлучија дека приоритетно за граѓаните било пред нивните прозорци да изградат десеткатница за државната администрација.

Но, додека граѓаните ја чекаат одлуката на Уставниот суд, општината им даде амин на градежните комании да го прекопаа паркот. Кога станува збор за центарот на Скопје, граѓаните се маргинализирани, а игнорантскиот однос на институциите никогаш не бил поголем, коментира активистот Никола Наумовски, од Плоштад Слобода, кој последниве години ги следи промените во централното подрачје.

Во неможноста да сторат нешто граѓаните стануваат пасивни кон она што се случува во нивниот двор, кометнтира професорот по политичка социологија Петар Атанасов. Секоја критика на нож е дочекана од власта, вели тој, но не смее да се молчи.

Според последното истражување на граѓанските здруженија за транспарентноста на локалните власти финансирано од УСАИД, 62% од граѓаните се пожалиле дека никогаш не биле поканети на јавна расправа, а само 80% никогаш не присуствувале на седница на советот.

Посебни истражувања за урбанистичките проблеми во овој дел нема, но како што велат граѓаните, колку поблиску живеете до центарот на градот, толку е посилен притисокот на локалните власти, квадратот е поскап, а гласот на жителите потивок. Липите си заминаа во историјата, но надежта остана. И креативноста на Скопјани кои веруваат дека моќта сепак е во граѓаните.

Автор: Јасмина Јакимова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.