Стотина граѓани утрово се одзваа на повикот на граѓанската инцијатива за протестен марш за спас на Водно со цел, како што се вели во нивниот повик на ФБ, да ја зачува нашата оаза на чист воздух од насилната урбанизација.
-Ве повикавме да ни се придружите заеднички да искажеме загриженост и несогласување со забрзаното уништување, прекумерната урбанизација, сечењето на шумата, изградбата на бројни објекти и сообраќајници на планината Водно, се вели во апелот.
Сакаме да го спасиме Водно за себе, за сите нас и за следните генерации, се бориме и за оние кои денес го поддржуваат уништувањето на Водно, но предводени од мотивот за профит, не согледуваат дека сите сме на иста страна.
Здружено и масовно да им покажеме дека ова е за сечие добро. Во ова време на повеќекратна загаденост на воздухот, грижата за Водно треба да биде приоритет за скопјани, повикува граѓанската иницијатива за спас на Водно.




