Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните на Струмица го креираат буџетот

0
By Томе Христов on December 5, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 5, 2014 18:50

Се поголем е интересот на граѓаните во Струмица за креирање на општинскиот буџет. Бројни предлози за проекти од месната самоуправа, културни манифестации, социјална програма, образование, локален економски развој и поддршка на НВО секторот, заштита на животната средина, спорт и рекреација, беа дадени синоќа до градоначалникот, Зоран Заев, на Форумот на заедницата.

Oтворање на спортска вежбалница, спортски музеј, велосипедска патека околу Струмица, олимписки базен, кошаркарско игралиште, парк игралиште за домашни миленичиња, младински културен центар, дигитализација на ретки книги од XIX и почеток на XX век и издавање на 10 наслови од роднокрајни автори, скејт парк, реконструкција на детски игралишта, доградба и адаптација на училници, беа само дел од предлозите според кои граѓаните сметат дека се потребни на Струмица.

Струмичкиот градоначалник даде одговор на сите предлози односно дали истите се во надлежност на општината, а за оние кои не се во надлежност, ги упатуваше граѓаните на соодветната институција и им ја објаснуваше постапката за решавање на проблемот.

Сепак, локација за реализација на голем дел од предлозите е поранешната касарна, простор во кој можат да бидат сместени многу објекти. Поранешната касарна во Струмица инаку е дел амбициозниот владин проект „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“, промовиран во времето кога министер за одбрана беше Зоран Коњановски, но и по пет години не важи само за општина Струмица. Сите други девет општини, од вкупно десет, ги добија објектите од касарните со цел за побрз локален економски развој, пишуваше НОВА.

Од општина Струмица велат се додека градоначалник на Струмица е Зоран Заев, министерството и Владата ќе пробувават на било каков начин да ја одлагаат постапката и да не ги додели дел од објектите од касарната на општината да стопанисува со нив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.