Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните незадоволни од операторите

0
By Нова ТВ on January 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 25, 2013 15:35

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) добива најмногу поплаки за квалитетот на услугите од операторите, но тие проблеми ќе се надминат со новата мерна опрема што ја набавува ова регулаторно тело и ќе ја користи од 15 април годинава.

Тоа го изјави денеска директорот на АЕК Роберт Орданоски презентирајќи ги на средба со новинарите плановите на АЕК за работењето во текот на годинава, пренесува МИА.

– Има доста поплаки во однос на квалитетот на сервисот што го нудат операторте. Купувате интернет во којшто имате една брзина, но немате можност да ја проверите таа брзина и да докажете дека не е согласно договорот. Од 15 април кога ќе почне да се применува новиот Правилник за квалитет на сервиси, што беше донесен на 15 септември, а за кој операторите добија преоден период за да ги подoбрат своите мрежи, ќе нема можност за корекција. Нашите служби ќе бидат присутни постојано на терен и сите овие поплаки ќе ги решаваат, тврди Орданоски.

Граѓаните, посочи, стандардно се жалат и на висината на сметката, за што службите на АЕК реагираат преку директен пристап во билингот на операторот. Ако бројот на минути што е наплатен не е еднаков со тоа што го кажува билингот, операторот ќе мора да ја корегира својата сметка.

Според Орданоски, со новата софистицирана опрема ќе се мерат сите параметри на услугите од сите оператори, но истовремено ќе се вршат и редовни мерења. На операторите им се зададени параметри што мора да ги исполнат, како што е на пример достапност од 95 проценти на мобилната мрежа во мобилната телефонија, таму кај што се изјасниле дека имаат. Во тек се и активности за старт на дигитализацијата од јуни годинава, а АЕК се подготвува и за распишување нов тендер за четвртата генерација мобилна телефонија 4 Г, која услуга очекува да стартува од септември годинава. АЕК, најавува Орданоски, ќе ги подобри условите на тендерот, за што се прави анализа за цената на еднократниот надомест.

Според податоците на АЕК, заклучно со третиот квартал лани, телекомуникацискиот пазар во Македонија бележи раст во сите категории, во однос на истиот квартал 2011. Кај бројот на претплатници на широкопојасен интернет има зголемување за 11,20 проценти. На крајот на третиот квартал тој број изнесувал 302.257, односно 54 проценти од домаќинствата во државата користеле широкопојасен интернет. Кај мобилниот широкопојасен интернет променета е во нагорна линија за 15,92 проценти, и кај таа услуга се евидентирани 446.288 активни претплатници.

Кај претплатниците во мобилната телефонија во третиот клвартал лани се бележи раст од 1,9 проценти. Заклучно со третиот квартал минатата година вкупниот број изнесува 2.299.926. Пазарниот удел на Т-Мобиле Македонија е 49,5 проценти, на ВИП 27,2 проценти, а на ОНЕ 23,3 проценти.

Вкупниот број пак фиксни линии изнесува 407.896. Евидентиран е голем раст кај бројот на телефонски линии преку кабелски мрежи, за 39,12 проценти, односно од 40.331 линија во третиот квартал од 2011 на 56.110 во истиот квартал лани. Се забалежува и континуиран раст на пазарниот уден според бројот на претплатници на алтернативните оператори кои обезбедуваат фиксни телефонски услуги.

Во третиот квартал лани имало 263.953 ТВ претплатници, што во однос на истиот период од 2011. претставува зголемување за 9,21 процент. Најголем раст на бројот на претплатници има кај IP телевизијата од 35.409 на 58.385, или за 64 проценти, по што следат претплатниците во кабелската мрежа со зголемување од 156.518 на 166.057. Има намалување од 22,7 проценти во делот на претплатниците на дигиталната телевизија, од 49.003 на 37.862.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.