Метју Нимиц, медијаторот на ОН за спорот помеѓу Скопје и Атина по прашањето за името, , денеска доаѓа во Скопје на консултации со државниот врв во изнаоѓање на решение. За неговата посета на Атина, Нимиц изрази благодарност, а разговорите со грчките власти ги опиша како конструктивни.
НОВА спроведе анкета помеѓу граѓаните, а тие скептични за некакво брзо решение на проблемот.
Според извори за НОВА, предлогот на медијаторот е името Горна Македонија да се користи додека траат преговорите за членство, а откако ќе завршат граѓаните на Македонија на референдум да се изјаснат по две прашања; дали се за членство во ЕУ и за прифаќање на името Горна Република Македонија. Позитивниот одговор на ова прашање ќе значи дека Горна Република Македонија станува и уставно име веднаш штом земјата стане членка на ЕУ.




