Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанските организации за крај на насилството

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2013 14:34

Седумнаесет невладини организации и здруженија на граѓани повикаа на одговорност за насилството и силните меѓуетнички тензии кои изминатиов период беа повод за насилни протести на младите. Тие побараа одговор од владините институции кои, според нив, дозволија ескалирање на национализмот. Затоа ги повикаа властите да превземат итни мерки за спречување на инцидентите во периодот до изборите и потоа.

Според Џабир Дерала од невладината Цивил – центар за слобода, крајно опасно е меѓуетничките односи да се злоупотребуваат за постигнување тесно – партиски интереси.

Граѓанските организации повикаа на разум и искрен дијалог на институциите како единствен начин за градење доверба.
„Поентата не е само да се смирува ситуацијата кон која токму институциите придонесоа со своите погрешни политики. Време е да се започне со искрен дијалог и вистински мерки за градење доверба“ – изјави активистот Кате Христовска.

Цивил и партнерските организации формираат Работни групи за превенција во девет региони во земјата кои ја покриваат целата територија на државата. Тие работат на намалување на тензиите и делуваат превентивно во поглед на насилството во изборниот процес веќе од почетокот на февруари.

Во меѓуетничките протести кои се случија минатата недела поголем дел од учесниците, како и жртвите на насилства се малолетни лица.

Добринка Темелкова

Во продолжение го објавуваме интегрално текстот од денешниот повик за мир „PRESS 4 PEACE“ кој го подржаа 17 граѓански организации.

Цивил

Институт за развој на заедницата Тетово

Центар за развој на заедницата Кичево

Фондација за развој на локалната заедница Штип
Форум Цивилен Мировен Сервис

Хелсинчки Комитет за Човекови Права на Република Македонија
Младински образовен форум

Граѓанска иницијатива Аман!

Одраз – организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија

НВО Инфо Центар

Македонски институт за медиуми

Тренинг центар за менаџмент на конфликти
Институт за општествени и хуманистички науки Скопје

Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација
Прва детска амбасада во светот – Меѓаши

Акција здруженска

Женска граѓанска иницијатива Антико

PRESS 4 PEACE

Цивил – Центар за слобода, партнерските организации и сите добронамерни и мирољубиви луѓе најостро го осудуваатдиректното и суровото насилство и хулиганизмот кои во последно време се во пораст.

Упатуваме протест до партиите поради меѓусебните обвинувања и избегнување на одговорноста за меѓуетничките тензии.

Повикуваме на одговорност на владините институции. Владата ги има сите механизми на располагање со кои меѓуетничките односи може да се подобруваат, а не да ескалираат омразата и насилството. Со одговорно однесување на властите, како на подолг рок, така и во дадените ситуации, може да се спречи ескалација на насилството. Ги повикуваме властите да преземат итни мерки за спречување на инцидентите и во претстојниот период до изборите, како и потоа. Ова не подразбира силно полициско присуство на улиците, туку градење доверба и почит меѓу заедниците.

Крајно опасно е национализмот и меѓуетничките односи да се злоупотребуваат за постигнување тесно-партиски интереси во контекст на претстојните избори.

Медиумите ги повикуваме да бидат одговорни и да останат во рамките на професионалните стандарди и етиката, за да не придонесат кон пораст на тензиите.

Бараме манифестација на искрена политичка волја од политичките партии и институциите на национално и локално ниво да се справат со корените на конфликтите по различни основи, во овој случај меѓуетничкиот конфликт. Тие мораат да бидат одговорни и за растечкиот интраетнички раздор. Поентата не е само да се смирува ситуацијата кон која токму институциите придонесоа со своите погрешни политики. Време е да се започне со искрен дијалог и вистински мерки за градење доверба. Веднаш!

Во овие застрашувачки инциденти, голем дел од учесниците, како и жртвите на насилствата се малолетни лица. Ова е неприфатливо и веднаш мора да престане!

Поштедете ги децата и младите од опасните и валкани политички игри, бидејќи тие заслужуваат повеќе!

Не се работи за вас, се работи за нас, граѓаните!“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.