Граничниот премин „Евзони“ и денеска ќе биде затворен за сообраќај во двата правци поради штрајкот на грчките земјоделци, соопштуваат од Автомото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Маглата во Скопската котлина засега не влијае на одвивањето на авиосообраќајот. Според веб страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.