Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граничниот премин Стрезимир-Рестилица ќе се отвори од 18 јули

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, од 18 јули до први септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји, информираше за МИА Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Преминот ќе биде отворен секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).

– И овој летен период повторно ќе можеме да се движиме и дружиме со нашинците од Гора и се надеваме дека овој граничен премин во блиска иднина ќе биде функционален преку цела година во интерес на двете страни. Овој премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен, потенцира Куртовски.

Со залагање на Куртовски, преминот кој подолг период воопшто не функционираше, беше отворен во истиот перод 2018, потоа и следната година, додека лани поради пандемијата не беше отворен.

– Како општина ќе продолжиме со активно лобирање за постојано функционирање на овој граничен премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Македонија-Албанија- Косово, посочи Куртовски.

Преминот Стрезимир-Рестилица, како привремен, официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фрекфенцијата беше минимална.

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.

граничен премин македонско-косовска граница Стрезимир-Рестилица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.