Mакедонската градежна компанија „Гранит“ ќе ја заврши изградбата на новиот објект на Македонската филхармонија за 4,7 милиони евра.
Како што информираше „Гранит“ во извештај до Македонската берза, компанијата постигнала договор со Министерството за култура за осум месеци да го заврши објектот и за тоа ќе добие 295 милиони денари, објавува порталот Фактор.
Новиот објект на Македонската филхармонија остана недовршен по банкротот на австриската градежна компанија „Алпине Бау“, која го доби првичниот тендер за изведба на објектот.
Како што објавува Фактор, оваа градежна компанија ќе ја гради детската градинка „Кочо Рацин“ во центар за околу 1,5 милиони евра, а рокот за изведба на овој објект е седум месеци.
„Гранит“ за два месеци ќе треба да ја заврши надградбата на локалниот пат во село Прждево, за што општината Демир Капија издвојува 11,9 милиони денари (193.500 евра).




