Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчка блокада за Македонија во ЕУ носи тешки последици за регионот

0
By Светлана Јовановска on April 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можната грчка блокада на преговорите за членство со Македонија на самитот на ЕУ во јуни може да има тешки последици за целиот регион, предупредува Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија а денес истражувач во Центарот за политички европски студии (ЦЕПС) во Брисел.

Европската комисија (ЕК) и на Македонија се надеваат дека земјите членки на ЕУ во јуни ќе и дозволат на нашата земја да започне преговори за членство во ЕУ.

Но, постојат тешки и одлучувачки прашања што треба да бидат решени за да може ЕУ да ја прими како нова членка: реформата на ЕУ пред идното проширување и вечното прашање за спорот со Грција.

На овие прашања се обидува да одговори Фуере во својот коментар за ЦЕПС.

Изјавата францускиот претседател Емануел Макрон во Европскиот парламент на 17 април (истиот ден кога ЕК ја објави својата препорака за Македонија) јасно укажува дека во некои земји членки постои колебање околу проширувањето на ЕУ.

“Иако не е против самото проширување, тој бара понатамошно продлабочување на европската интеграција пред да се прифатат нов земји членки”, објаснува Фуере. И додава дека ЕУ “ќе треба да ја искористи целата своја моќ на убедување за да им покаже на тие земји членки дека која е користа од примањето на Западниот Балкан во ЕУ”, вели Фуере.

Спорот со Грција досега никогаш не бил толку блиску до разврска како што тоа е сега, со новата македонска влада и јасната желба на грчкиот премиер да му се стави крај на овој спор.

Фуере, како и многумина во нашата јавност, се прашува дали стопирањето на груевистичката политика за антиквизација, гестовите на добра волја на македонска влада и напредокот во преговорите, ќе бидат доволни за да Грција го крене своето вето.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјви дека нема да биде можно Македонија да влезе во НАТО на самитот во јули ако спорот не биде решен.

“Ако Грција го задржи тој став на Европскиот самит во јуни, тоа ќе има тешки последици не само за политичката стабилност во Македонија, туку тоа ќе ја наруши кредибилноста на Европската комисија и на целата ЕУ, но ќе биде нарушена и кредибилноста на покажаната добра волја на Грција”, вели Фуере во својот коментар.

И додава дека во сето ова, доколку се оствари ова сценарио, ќе има колатерални штети:

“Повторување на она што се случи на НАТО самитот во Букурешт во 2008 година, кога Албанија беше прифатена за членка а Македонија блокирана поради Грција, мора по секоја цена да биде избегнато и покрај тоа што овде зборуваме само за почеток на преговори за членство во ЕУ. Влијанието што тоа може да го предизвика кај етничката албанска заедница во Македонија (кое подразбира околу 25 отсто од населението според последниот попис од 2002 година) би можело да се прелее вон Македонија”, предупредува поранешниот амбасадор.

Поради напредокот во преговорите помеѓу Атина и Скопје добро би било Грција да дозволи почеток на преговорите со ЕУ додека преговорите за името можат да продолжат.

“Тоа ќе испрати порака на доверба, ќе ја зајакне кредибилноста на ЕУ политиката кон Западниот Балкан и, што е уште поважно, ќе даде и поддршка на долгорочната меѓу-етничка стабилност во регионот”, заклучува Фуере.

 

Грција Ерван Фуере ЕУ Македонија преговори за членство спорот со името ЦЕПС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.