Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчката фирма „Интеркат“ ќе ја преземе изградбата на Клиничката болница во Штип

0
By Менче Атанасова Точи on July 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 3, 2019 17:20

Грчката фирма „Интеркат“ се обврзала дека ќе ја преземе изградбата на Клиничката болница во Штип, откако подизведувачот „Бетон“-Штип отиде во стечај. Дознаваме дека „Интеркат“ ја активирала банкарската гаранција, откако претходно, во ноември минатата година грчката фирма не го продолжи договорот со „Бетон“- Штип. Од тогаш замре и работата со изградбата на Клиничката болница и на бункерот за акцелераторот, механизацијата и работниците се повлекоа, а работата беше стопирана.

„Грчката фирма „Интеркат“ ја превзеде работата околу изградбата без подизведувач. Нема да има распишување на нов тендер бидејќи договорот е потпишан со нив. Сега ни доставија динамичен план и имаат желба да ја завршат работата до крај“, изјави за НОВА, Љупчо Балковски технички раководител на Проектната единица на Банката на Совет на Европа(ЦЕБ).

Балковски вели дека „Интеркат“ се обврзале со изградбата на Клиничката болница и бункерот за акцелератор во Штип да завршат до декември 2020 година. Тој вели дека и фирмата која врши надзор ќе остане и понатаму, а ангажирана е и Општина Штип за изведба во делот на комуналиите.

„Дојде и техничка помош од Банката за да помогнат во техничкиот дел“, рече Балковски.

Претходната власт изградбата на Клиничката болница ја најавуваше уште во 2006 година со доаѓањето на власт, а камен  темелникот беше ставен во 2016 година. Беше најавено дека проектот ќе тежи 30 милиони евра, пари од кредитот на Банката(ЦЕБ).

Од тогаш наваму, низа скандали ја следат изградбата на болницата, а  досега се завршени 28-29 проценти од работите. Балковски се надева дека за неколку месеци тој процент ќе се зголеми бидејќи веќе се поставува скелето за фасадата, а после тоа ќе започне да пристигнува и опремата за внатрешно уредување, лифтови и слично. Тој вели дека и бункерот за акцелератор е влезен во проектот на болницата, така што грчката фирма ќе мора и него да го заврши во ветениот рок, до крајот на 2020 година.

Инаку, „Бетон“ Штип во изминатиов период беше предмет на истрага на СЈО и вчера отиде под стечај поради долг кон три компании-побарувачи во износ од  76, 7 милиони денари, а е замешан и во предметот на СЈО „Тендери“ против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, која се товари за Злоупотреба на службената положба и овластувања за местење тендер. „Бетон“ Штип беше вклучен во изградбата на  Проектот Скопје 2014.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.