Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчката полиција идентификува уште шестмина кои упаднаа на изложбата на Андреевски

0
By Соња Крамарска on June 29, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако на почетокот на мај го откри идентитетот на петмина, грчката полиција идентификувала уште шест лица од групата која кон крајот на април годинава упадна во уметничка галерија во Солун каде што беше поставена изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.

Идентификувани се пет мажи и една жена, сите грчки државјани на возраст од 20 до 44 години.

Истражните органи во Грција, како што пренесе дописникот на МИА од Атина, соопштиле дека против нив е покренат предмет за противзаконито насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.

„Петмина од горенаведените, заедно со пет веќе идентификувани лица и уште тројца соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со качулки и притоа закачија печатен материјал покривајќи ги сликите на уметникот и повикувајќи го да ја прекине изложбата“, соопштија од грчката полиција и додадоа дека истрагата продолжува за идентификација на останатите вклучени лица.

На почетокот на мај беа идентификувани пет лица – четворица грчки државјани на возраст од 19, 20, 23 и 24 години и една странска државјанка на возраст од 22 години кои биле вклучени во упадот во галеријата.

На 26 април годинава група членови на „Златна зора“, која со судска одлука од 2020 година е прогласена за криминална организација, со маски на лицата и качулки упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што во тек беше изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.

Упадот беше снимен и објавен на сајтот на подмладокот на „Златна зора“.

По упадот во галеријата, грчките власти соопштија дека Грција нема да толерира беззаконие, заплашување на граѓаните ниту, пак, нацистички паравоени групи – термин кој во Грција се користи за организираните групи на „Златна зора“. Следуваше осуда од грчката влада, а Обвинителството нареди истрага.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски беше свечено отворена на 21 април во Солун. На отворањето беа присутни голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги своите впечатоци, тогаш изјави дека уметноста не познава граници и дека нејзиниот јазик е универзален.

С.К.

Златна Зора Сергеј Андреевски Солун упад во изложба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.