Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчката Влада ги отфрли медиумски шпекулации за името

0
By Нова ТВ on January 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот околу името и дека е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“, објави грчкиот весник „Катимерини“.

– Не сме заинтересирани за многубројните шпекулации во врска со преговорите за името, туку да продолжиме со преговорите на сериозен начин, за да можеме да дојдеме до решение во наредните неколку месеци за проблемот, кој не следи 25 години, рече Цанакопулос, пренесува МИА.

Грчкиот весник „Прото тема“, вчера повикувајќи се на еден портал на албански јазик, пренесе дека Атина и Скопје, наводно го договориле името „Република Нова Македонија“.

Во меѓувреме лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис рече дека сложено име со географска одредница, име за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и откажување од секакви иредентистички изјави или пракси од страна на Скопје – се трите предуслови во „црвените линии“ на грчката опозиција.

Говорејќи пред партиските членови кои се одговорни за различни сектори, Кирјакос Мицотакис, според грчката новинска агенција АНА-МПА, ги претставил црвените линии на партијата и рекол дека Нова демократија нема да прифати решение само за името, доколку не се исполнат и другите критериуми.

Во однос на откажувањето од иредентизмот, објаснил дека тоа може да се случи само преку билатерален договор, а пакетот договор за името, според Мицотакис, треба да биде усвоен од ОН.

Бошњаковски: Климата исклучително подобрена, се оди кон можно решение за името

Македонската Влада во овој момент не сака да навлегува во конкретни и суштински расправи во однос на преговорите за името, но како што посочи денеска нејзиниот портпарол Миле Бошњаковски, се оди кон тоа дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни.

– Во овој момент не би навлегувале во конкретни, специфични и суштински расправи во однос на преговорите за името, но она што е очигледно и што е јасно е дека климата е исклучително подобрена и во Република Македонија и во Република Грција и се оди кон тоа, како што неодамна најави премиерот, дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Новата рунда разговори за името ќе биде одржана во Њујорк на 17 јануари.

Влада Грција името шпекулации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.