Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

0
By Marija Todorovska on July 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 5, 2024 10:53

Под наслов „Северна Македонија-Гордана Сиљановска: Се однесуваме многу одговорно кон Договорот од Преспа, се сомневам дали истото важи и за Грција“, грчката новинска агенција АНА-МПА ги пренесува ставовите на претседателката изнесени во вчерашното интервју, текст преземен од голем дел од онлајн изданијата на медиумите во Грција.

АНА-МПА пишува дека „претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска, тврдеше дека нејзината земја во голема мера ги исполнила своите обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа, додека изрази сомневање дали истото може да се каже и за Грција“.

-Барам разбирање. Го имаме Договорот од Преспа. Се смени Уставот на нашата земја, ги сменивме нашите документи и за надвор и за внатре, дури и шахтите ги сменивме. Но, кога постојат две страни во Договорот, треба и другата страна да покаже кооперативност. Јажето има два краја и обично двајца го влечат. Мислам дека многу одговорно се однесувавме кон Преспанскиот договор, ги исполнивме нашите обврски дури и пред да истечат роковите, но не сум сигурна дека истото го стори и Грција. Таму ќе слушнете да велат „Скопјани“, „Скопја“, ќе видите табли со „ФИРОМ“, но не и со Северна Македонија. Да не зборуваме за меморандумите за соработка и особено за меморандумот за процесот на пристапување на нашата земја во Европската унија, ја пренесува грчката новинска агенција, изјавата на претседателката за време на интервјуто.

Дополнително, пренесен е и ставот во однос на заклетвата и употребата на името Македонија и нејзиното објаснување дека врз основа на член 7 став 3 од Договорот од Преспа има право да го користи терминот „Македонија“, а целосно е цитирана и позицијата дека „името е најголемиот идентитетски знак и тоа излезе од мене“.

-На прашањето дали во следните пет години (колку што трае нејзиниот мандат како претседателка на државата) ќе остане на својот став и нема да го изговара уставното име на државата, а тоа е Северна Македонија, Гордана Сиљановска одговори: Сите знаете дека сум претседателка на оваа држава која според нејзиниот Устав се нарекува така. Зошто треба да го повторувам тоа? Зарем нашите грчки колеги постојано велат Хеленска република или Елада? Не. (…) Ги почитувам договорите. Не е точно дека ги прекршуваме. Некој друг ги прекршува, пишува грчката новинска агенција на крајот од текстот.

Веста објавена доцна синоќа, во целост беше преземена од онлајн медиумите во Грција, кои ја објавија под насловите: „Директна провокација“ од Сиљановска: Покажуваме одговорност кон Договорот од Преспа, се сомневам за Грција“; „Северна Македонија: Го почитуваме Договорот од Преспа, вели Сиљановска, Грција го прекршува“; „Гордана Сиљановска: Се однесуваме одговорно кон Договорот од Преспа, се сомневам дали истото важи и за Грција“; „Сиљановска: Ние сме одговорни кон Договорот од Преспа, но се сомневам во Грција“. ср/ац/

грчи медиуми Договорот од Преспа Сиљановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.