Деканот на Теолошкиот факултет при државниот Аристотелов универзитет во Солун, професорот Михаил Тритос, изјави за „Ромфеа“ дека затворањето на Архиепископот охридски г.г. Јован претставува срам за културата на 21-от век.
„Случајот на затворањето на Архиепископот охридски г.г. Јован претставува петно и срам за културата на 21-от век и за меѓународните организации, коишто се залагаат за човековите права и за верските слободи. Маченикот Јерарх прима последователни осудителни одлуки од кривичните судови во Скопје, заради тоа што имаше храброст да објави дека „македонската“ црква на Скопје е шизматичка бидејќи ги прекршува основните начела на православната еклисиологија и ги претпочита етнофилетистичките цели“, вели тој.
Според него, Македонија како една земја, којашто тврди дека ги почитува човековите права и посакува да се приклучи кон НАТО и кон Европската Унија, во суштина поддржува еден диктаторски режим пред очите на премолчното бездејствие и рамнодушност на Европската Унија и САД.

– Сметаме дека решението на црковното прашање на Скопје во постоечките околности пројавува големи тешкотии поради задушувачката прегратка на оваа црква од државата и нејзиното користење како државна служба за цели туѓи на нејзиното духовно посланство, надополнува Тритос, и вели за да постои некаков позитивен исход на ова прашање, треба да се запазат следниве предуслови:
1. Веднаш да биде ослободен Архиепископот охридски г.г. Јован, којшто веќе издржа две години затвор во затворот Идризово, во Скопје.
2. Официјалната власт да ја остави слободна Црквата да ги исполнува своите духовни цели.
3. Шизматичката црква да побара извинување од Мајката Црква на Србија за пучистичкиот начин со кој се отцепи и да ги признае како антиканонски нејзините дејствија од 1967 година до денес.
4. Да го прифати името на древно проблеснатата Охридска Архиепископија, а не Македонска.
Под овие предуслови, смета деканот на Теолошкиот факултет од Солун, возможно е прво доделување на автономија, по примерот на Финска и Естонија, а потоа и автокефалија.
Тритос потенцирра дека така ќе се затвори една отворена рана на телото на Православната Црква и еден ипол милион православни кои живеат во Скопје, ќе престанат да бидат жртва на секаков вид прозелитизам.




