Published: Wednesday, November 6, 2013 14:14
Грчки медиуми го пренесуваат соопштението на германската Влада за средбата Меркел-Нимиц, со наслови: „Меркел одеднаш се интерсира за Скопје“, „Меркел ги поддржува напорите на Нимиц“, „Германија се интересира за прашањето за името на Скопје“ и слично.
Како што објавува денеска грчкиот весник „Реал“ ниту грчката, ниту македонската страна не биле претходно информирани за средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со медијаторот Метју Нимиц.
Весникот коментира дека е „импресивен фактот што Меркел и покрај тоа што се уште има консултации за состав на новата Влада, нашла време да се сретне со медијаторот на ОН“.




