Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчко-македонска граница: Полицијата со солзавец ги растерувала мигрантите

0
By Нова ТВ on December 2, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 2, 2015 17:39

Македонската полиција фрлила солзавец нa неколку стотици мигранти, најголем број пакистански, кои се обиделе да влезат од Грција во Македонија, јавува Ројтер, пренесе Макфакс.

До немирите дошло откако на околу 200 мигранти им бил забранет влез во Македонија, кои потоа тргнале да одат неколку километри долж оградата на границата, барајќи алтернативен премин.

Македонската полиција фрлила солзавец за да ги потисне мигрантите, а еден полицаец пукал во воздух, во знак на предупредување.

Околу 1.500 Пакистанци, Мароканци и Иранци со недели се наоѓаат на ничија земја меѓу Грција и Македонија, откако македонските власти го ограничија преминот во северна Европа само за Сиријците, Ирачаните и Авганистанците кои се сметаат за воени бегалци.

Лицата од други националности се сметаат за економски мигранти и се враќаат назад. Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалис изјавил дека грчката влада се обидува да ги убеди мигрантите кои се наоѓаат на границата, да дојдат во Атина и да побараат азил во Грција, наведувајќи дека за нив има сместување.

Музалас изјавил дека неговата држава се нашла под интензивен притисок од страна на некои членки на Европската унија кои, според него, погрешно веруваат дека приливот на бегалци може да биде контролиран од Грција, пренесува Асошијетед Прес.

Тој ги демантирал тврдењата дека имало некакви официјални закани Грција да се исклучи од Шенген зоната.

„Грција е почеток на коридорот, а вратите се во Турција. Со тоа, доколку приливот на бегалците не биде контролиран во Турција, од брегот на Турција, не е можно да се контролира приливот на бегалци од Грција или од друга членка на Европската унија“, изјавил Музалас.

Некои од мигрантите на грчко-македонската граница им рекле на грчките власти дека се подготвени да се вратат во своите земји на потекло, но пакистанската влада не одговара на нивните барања за прием, а Меѓународната организација за миграција нема финансиски средства да ги врати во родните земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
ФОКУС
March 14, 2026

Скопје: Работнички протест за минимум достоинство

ВЕСТИ March 14, 2026

Протестот денеска во 12:05 часот почна пред Работничкиот дом во Скопје, продолжи пред Собранието, за…

Кочани: Градот ја одбележува годишнината од трагедијата во „Пулс“

March 14, 2026

Скопје: Работниците денеска сабота 14-ти март од 12:05 на протест за подостоинствен живот

March 14, 2026

Скопје: Протест на работниците за подоинствен живот – стартува во 12.05, сабота, 14-ти март од пред Домот на синдикатите

March 13, 2026
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.