Неонацистот кој беше осомничен за убиство на левичарот и познатиот грчки музичар Павлос Фисас денеска и формално е обвинет за убиство.
Обвинетиот Џорџ Рупакијас, 45 годишен камионција, дошол на суд утрово со големо полициско обезбедување, а над пурпурнта кошула носел панцир.
Тој е обвинет и за нелегално поседување на оружје.
Во текот на сослушувањето, во судот во Пиреа кое траеше три часа, Рупакијас рече дека убиството го направил во самоодбрана.
Полициски извори сведочеа дека Фисас бил на умирање, и им рекол дека Рупакијас со нож му нанел сериозни повреди.
Рупакијас порано признал дека припаѓаат на грчки нео-нацистичката партија „Златна зора“.